Хеликоптер се урна во близина на куќи на грчки остров – загина пилотот и сите петмина патници

Од:

Сериозна авионска несреќа се случи денеска на грчкиот остров Сифнос, каде што приватен хеликоптер со шест лица се урна во непосредна близина на хелиодромот, по што избувна пожар. Според последните информации од грчките медиуми, загинаа пилотот и сите петмина патници.

Несреќата се случи нешто по 18:00 часот во областа Толос, во близина на хелиодромот на Сифнос.

Првичните информации говореа дека во леталото имало три лица кои биле пронајдени во бесознание, што го потврди и градоначалничката на Сифнос, Марија Данали. Сепак, подоцнежните информации објавени од грчкиот весник „Прото Тема“ наведоа дека во хеликоптерот всушност имало шест лица – пилотот и петмина патници – и дека сите биле извлечени мртви.

Според последните податоци, приватниот хеликоптер полетал од Маркопулос, во регионот Атика, а несреќата се случила кога леталото пристигнало на Сифнос.

Според извештајот на „Прото Тема“, хеликоптерот се урнал при слетувањето на островот, недалеку од хелиодромот.

Леталото паднало во непосредна близина на куќи, што дополнително предизвикало стравувања дека бројот на жртви би можел да биде и поголем. Засега нема информации за повредени лица на земјата.

Би можело да ве интересира

Во Солун уапсен маж кој се барал со меѓународна потерница за тешка кражба во Македонија

Грција ги забранува социјалните мрежи за лица помлади од 15 години

А1он

(ВИДЕО) Експлозија во Атина, повредени се најмалку четири лица

Гркинка остана без 40.000 евра и 100 златни монети – „ја прескокна“ првата, но „падна“ на втората измама

А1он

Грција и ги предава посмртните останки на цар Самуил на Бугарија

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) На автопат во Грција вози со 310 км/ч, „лудувањето“ го објави на ТикТок

А1он