Силен земјотрес ја погоди Чешка

Од:

Земјотрес со магнитуда од 5,5 степени според Рихтеровата скала е регистриран во во 18 часот во Чешка.

Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот се наоѓал во подрачјето со географски координати на географска ширина 49,73 и должина 13,819, или 32 километри од Плзен.

Хипоцентарот на земјотресот, според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 10 километри под површината на земјата.

Земјотрес со магнитуда од 5,5 степени според Рихтеровата скала може да предизвика:

оштетување на постари згради,
паѓање на оџаци и ќерамиди,
пукање на ѕидови,
локално сериозна материјална штета во близина на епицентарот.

Ваквите земјотреси се ретки во Чешка. Повеќето земјотреси во таа земја се со магнитуда помала од 3.

Моментално нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат ситуацијата.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја погоди Грција

Земјотрес почувствуван утрово во Охрид и околината

Горан Наумовски

Силен земјотрес го погоди Тибет

Земјотрес од 4,5 степени ја погоди Албанија, потресот почувствуван и во Македонија

(ВИДЕО) Силен земјотрес со јачина од 7,2 степени го погоди Перу

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Албанија