Заврши Power Gen Europe, најголемиот саем за енергетика

Од:

Во Виена, Австрија денеска официјално е затворен најголемиот саем за енергетика во Европа „Power Gen Europe“ на кој во изминатите три дена се претставија преку 650 компании од областа на енергетиката меѓу кои и некои од најголемите светски брендови.

Свој штанд во саемскиот дел за промоција на обновливи извори на енергија беше присутна и АД „Електрани на Македонија“ – ЕЛЕМ, единствената македонска компанија која досега се претставила на најголемиот саем за енергетика во Европа.

Ова е трето учество на АД ЕЛЕМ на „Power Gen Europe“, саемот на кој со свои штандови и презентации учествуваат компании од сите континенти. Повеќе од една деценија саемот на едно место ги собира најголемите светски брендови чија основна дејност е производство на енергија, но и компании кои произведуваат опрема за енергетски капацитети.

Пред две години во Милано и лани во Келн штандот на АД ЕЛЕМ го посетија преку 3.000 посетители и се воспостави комуникација со најголемите компании.
АД ЕЛЕМ и годинава на својот штанд преку 3Д визуелизација ги претстави развојните енергетски проекти паркот на ветерни електрани „Богданци“, хидроелектраната „Бошков Мост“, акумулацијата „Луково Поле“, комплексот електрани на Црна Река „Чебрен и Галиште“ и проектот „Вардарска долина“. Дел од овие преоекти се во фаза на реализација, а за дел течат последните подготовки за изведба.

На ланскиот саем „Power Gen Europe 2012“ во Келн, Германија се претставија 630 излагачи меѓу кои и некои од најголемите светски енергетски брендови. Саемот го посетија преку 14.000 посетители. Организаторите на Саемот пред почетокот очекуваа годинашното издание да има поголема посетеност. Посочија дека Виена е избрана за годинешна дестинација за одржување на „Power Gen Europe“ со цел да се мотивираат поголем број компании од Југоисточна Европа да учествуваат со свои штандови и да ги претстават своите проекти.

АД ЕЛЕМ е една од ретките компании од нашиот регион што излага на Саемот и веќе станува препознатлива.

Саемот наредната година повторно ќе се одржи во Келн, Германија на почетокот на јуни.

Би можело да ве интересира

Николовски: Македонското вино е нашиот најдобар промотор

Груби ги кани невработените да се запознаат со работата на „Бехтел и Енка“, а тие уште не почнале да градат

A1on

Владата три дена одбива да каже колку пари потроши за стоте луѓе кои во Белград дегустираа вина

A1on

И Абазовиќ ќе присуствува на саемот Винска визија Отворен Балкан во Белград

А1он

Меѓународен саем „Органска трпеза” во Куманово

А1он

Виртуелен саем за развивање одржливи навики, мода и зелени бизниси

Ана Ололовска