Започна со ремонтните активности во РЕК Битола

Од:

РЕК Битола почна со ремонтните активности на Блоковите предвидени за оваа година. На прес-конференција во комбинатот, директорот Васко Ковачевски соопшти дека до средината на месец ноември ќе бидат направени редовни ремонти на Блок 1 и Блок 3, и капитален ремонт на Блок 2.

-Блок 1 ќе биде во ремонт до 3 јуни, потоа следува ремонт на Блок 3 кој ќе се врши од 4 јуни до 7 јули, а осум години по модернизацијата, годинава капитален ремонт ќе биде изведен и на Блок 2. Ремонтните активности на овој блок ќе траат од 15 август до 15 ноември. За ремонтите на блоковите предвидени се повеќе од 10 милиони евра, а зафатите ќе ги изведуваат фирми кои заедно со подизведувачите претежно се од Битола и регионот, со што комбинатот индиректно ја поддржува локалната економија, истакна Ковачевски.

Ремонтите на Блоковите треба да обезбедат стабилно производство на електрична енергија, особено во текот на зимата, информираа од РЕК Битола.

-Во претходната грејна сезона РЕК Битола работеше со максимален капацитет на сите три блока кои непрекинато работеа 81 ден, состојба која во комбинатот не беше забележана во последите 6 години. Со ремонтот на блоковите, АД ЕСМ и РЕК Битола имаат за цел да ја зајакнат стабилноста на електроенергетскиот систем на Република Северна Македонија и да го зголемат производството на електрична енергија, да ги намалат трошоците на производство, а заштедите и приходите од работењето да ги инвестираат во капитални проекти, пред се за заштита на животната средина, посочи Ковачевски.

На прес-конференцијата во РЕК Битола, директорот Васко Ковачевски најави дека паралелно со капиталниот ремонт на Блок 2 ќе се врши и санација на разладната кула на овој блок за што се планирани над 6 милиони евра.

Би можело да ве интересира

Бислимоски: За две години се инсталирани фотоволтаици со иста моќност колку РЕК Битола

Орце Костов

ЕСМ: Ставен во функција Блок 2 на РЕК Битола, подготвен за работа е и Блок 1

Орце Костов

ВМРО-ДПМНЕ: Од денес во РЕК Битола не се произведува електрична енергија

Горан Наумовски

Николоски: Дали е случајно што РЕК Битола во време на Васко Ковачевски на иста фирма дава два тендери со исти суми, и двата со исти анекси од 20%

Реакција на ЕСМ за обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ

Митева: За да крадат на ископ СДС и ДУИ ја поништија набавката на механизација на Мицкоски од 2017