Временска банка – дигитална платформа за поврзување на заедницата

Од:

Здружението на граѓани „Младите можат“ денеска официјално ќе ја пушти во употреба дигиталната платформа Временска банка која им помага на членовите на заедницата меѓусебно да ги споделуваат работите што уживаат да ги прават, притоа како ресурс користејќи го времето наместо пари.

Проектот е поддржан од Фондот за иновација и техонолошки развој (ФИТР) како дел од КРЕАТОНОТ наменет за идеи чија цел е да ги олеснат условите за време на пандемијата настаната од КОВИД-19.

Здружението „Младите можат“, кое ја изработи платформата Временска банка, наведува дека таа е одлична алатка за поврзување на заедницата и дека се работи за едноставен концепт.

-Трошите еден час време за да му помогнете или да споделите знаење со некој друг преку вештините што вие ги поседувате, а за возврат заработувате кредит од еден час кој оди во вашата временска банка. Сега вие можете да го потрошите заработениот кредит од еден час за услуга што вам ќе ви е потребна и можете да ја добиете од еден час од нечие време. Секој час се цени исто, без оглед на извршената услуга. Секој вид услуга може да се разменува за друга. На овој начин можеш да ги запознаеш твоите соседи подобро, да помогнеш на луѓе без разлика на нивната возраст или економски статус…, соопшти Здружението „Младите можат“.

Би можело да ве интересира

Јанушев: Обвинителството да отвори истрага за грантовите од ФИТР на Дрин Ахмети, од шест милиони по огласот, тој добил пет

ФИТР со реакција: Внукот на Ахмети барал повеќе пари за иновации ама му одобриле само 82.000 евра

А1он

Фондот за иновации потрошил еден милион евра за хонорарци и експерти кои не поминале интервју, открија ревизорите

A1on

МАСИТ: Цоневски со волонтерски ангажман во Комисијата, не подлежи на поднесување анкетен лист

Катерина Ѓуровски

Саша Максимовски ги демантира тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФИТР: Почнува проектот за дигитализација на повеќе од пет милиони оргинални записи на Институтот „Крсте Мисирков“

Ана Ололовска