Вознијак: Биткоинот е подобар и од злато

Од:

Стив Вознијак, ко-основачот на Епл, верува дека Биткоинот е подобар од златото и од американскиот долар, кој го нарече „лажен“ бидејќи владата во секој момент може да испечати уште.

Вознијак говореше на конференцијата Money 20/20 во Лас Вегас каде што кажа дека тоа што ќе има ограничен и однапред познат број на биткоини ја прави валутата стабилна.

– Постои одредена, конечна сума на биткоини што ќе постојат, рече Вознијак објаснувајќи дека владата може да одлучи да испечати повеќе пари поради политички причини поради што американскиот долар го нарече „лажен“, додека за Биткоинот рече дека е вистински и реален.

Тој додаде дека и златото не мора да значи дека има конечна сума, бидејќи луѓето откриваат нови начини за ископување.

– Златото се ископува и ископува. Можеби постои конечна сума на злато во светот, но кај Биткоинот тоа е јасно математички регулирано, а никој не може да ја промени математиката, смета Вознијак.

Тој напомена дека за него Биткоин е интересен од технолошката и математичката гледна точка, а не од неговата финансиска страна, иако беше еден од првите кои го оценија Биткоинот како валута.

Би можело да ве интересира

Биткоинот се искачи на речиси 40.200 евра

Централноафриканската Република го усвои биткоинот како легална валута

А1он

ММФ го повика Ел Салвадор да го укине Биткоинот како законско средство за плаќање

Еврото се намали во однос на доларот, биткоинот на најниско ниво во изминатите шест месеци

Централна банка на Англија: Биткоинот може да стане безвреден

А1он

Поради новиот сој на коронавирусот пад на вредноста на биткоинот

А1он