„Волстрит џурнал“: Грчкиот долг ќе биде повторно отпишан, но под одредени услови

Од:

Грчкиот долг веројатно ќе биде повторно отпишан, но тоа ќе се случи под одредени услови, прогнозира американскиот весник „Волстрит џурнал“.

Меѓународните кредитори на Грција размислуваат како да го обврзат долгот на Атина со спроведувањето на реформите од нејзина страна, со цел да продолжат да ја контролираат финансиската политика по завршувањето на спасувачкиот план за земјата, тврди американскиот весник.

„Волстрит џурнал“ се повикува на различни високи официјални претставници, нагласувајќи дека прашањето за повторно олеснување на грчкиот долг, кој изнесува 320 милијарди евра или околу 174 отсто од бруто домашниот производ на Грција, од ноември 2012 година ги засега земјите од еврозоната, ММФ, Европската комисија и Европската централна банка. Истата година грчкиот долг беше првпат отпишан.

Весникот истакнува дека разговорите за долгот на Грција очекува да бидат обновени оваа есен, додавајќи дека моментно се прават анкети, бидејќи земјите од еврозоната и ММФ имаат различни ставови по ова прашање.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески