„Волстрит џурнал“: Договорот со Иран нагло ќе ги намали цените на нафтата

Од:

Евентуалниот договор за нуклеарната програма на Иран нагло ќе ги намали цените на нафтата во светот, пишува американскиот весник „Волстрит џурнал“, пренесува ТАСС.

Иранскиот извоз во изминатите години е значително ограничен од западните санкции. Но, ако тие бидат тргнати, половина милион или повеќе барели иранска нафта секојдневно ќе се најдат на светскиот пазар, кади и без тоа веќе има голема понуда, сметаат аналитичарите.

Иако, нуклеарниот договор е далеку од сигурен, иранскиот министер за нафта Биџан Намдар Зангане изјави дека неговата земја е подготвена двојно да го зголеми извозот. Според Зангане, зголемената понуда, што ќе ја обезбеди Иран, нема значително да влијае на цените на црното злато.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) „Ова е еколошка катастрофа“: Се појави нафтена дамка во Јадранско Море

A1on

Најголем месечен пад на цената на нафтата годинава

Цените на нафтата паднаа за повеќе од 2 отсто минатата недела

Катерина Ѓуровски

ЕУ увезува руска нафта преку турските пристаништа

Телеграма за сочувство до раководството и до иранскиот народ, упати претседателот на Левица, Димитар Апасиев

Доларот зајакна, цената на нафтата падна