„Волстрит џурнл Јуроп“: На Грција, Португалија и Кипар ќе им треба дополнителна финансиска помош

Од:

На Грција, Португалија и Кипар ќе им биде неопходна дополнителна финансиска помош и покрај тоа што добија од стабилизирачките програми на Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд над 200 милијарди евра, објави денеска „Волстрит џурнл Јуроп“.

Весникот наведува дека ЕУ се соочува со проблем да изнајде дополнителни пари за економски најслабите земји-членки на еврозоната.

– На Лисабон годинава ќе му бидат неопходни 14 милијарди евра и уште 15 милијарди ерва во 2014 година, за да ги подмири долговите за веќе издадените државни обврзници, посочува „Волстрит џурнл Јуроп“.

Министрите за финансии од еврозоната денеска во Брисел треба да се договорат за следната транша од 8,1 милијарда евра за Грција и ќе разговараат за кризата во Португалија. ЕУ се сомнева и дека програмата за помош на Кипар од 10 милијарди ерва ќе биде доволна поради тоа што кипарската економија е во слободен пад.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Многу силен земјотрес ја погоди Португалија

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос