Волонтери од Америка ќе бидат сместенувани кај семејства од Лозово-за гостите храна секој ден

Од:

Десет семејства-домаќини од Лозово, во период од 28.09.2024 до 06.12.2024, во своите домови ќе сместат волонтери од Америка кои ќе посетуваат обуки, а потоа ќе заминат во градовите и селата низ државата кадешто ќе живеат и работат во наредните две години.

Градоначалникот на Општина Лозово, Бошко Цветковски ги известува сите заинтересирани граѓани дека пријавувањата и аплицирањата за вдомување на волонтери од Америка е во тек. Сите заинтересирани граѓани за подетални информации може да се обратат во просториите на Општина Лозово или на телефонските броеви 077/749-897 и 032/458-458.|

-Во период од 11 недели волонтерите од Америка ќе бидат сместени во 10 семејства во нашата општина. Домаќините треба да им овозможат сместување – посебна соба која ќе ја користи само волонтерот. Потоа, храна, односно од семејството се очекува секој ден да обезбеди појадок, ручек и вечера за волонтерот и оброците треба да бидат она што вообичаено се подготвува за цело семејство. Секако хигиената поточно домаќинот еднаш неделно треба да обезбеди чиста постелнина и пешкир за волонтерот додека тој сам е одговорен за својата лична хигиена и перење на своите алишта, пишува во соопштението на градоначалникот Цветковски.

Би можело да ве интересира

Поведена постапка за поткуп при избори и гласање

А1он

Апсење за поткуп во Лозово, се давале до 100 евра за глас за независен кандидат

Кристијан Ландов

Заев, Николовски и Царовска ја пуштија во употреба спортската сала во Лозово

Ана Ололовска

ВИДЕО: Донел невеста од Албанија пред десет години, сега разочаран од државата, со четири деца ќе оди домазет во Драч

Маја Илиевска-Пачемска

ВИДЕО: Избрканата трудница, градоначалникот кој ја избрка и уште двајца од СДСМ кои сакаат да го „симнат“ – предизборие во Лозово

ВИДЕО: Скандалот со општинскиот шпорет и избрканата трудница од работа не се пречка, Велковски бара втор мандат во Лозово

Маја Илиевска-Пачемска