Во Скопје Генерално собрание на Алијанса на саеми од Централна Европа

Од:

Генерално собрание на Алијансата на саеми на Централна Европа од денеска почнува во Скопје. На собирот, кој ќе трае до 14-ти овој месец, ќе присуствуваат 20 претставници на саемски организации од 15 држави.

Генералното собрание на ЦЕФА 2014 во Скопје, според организаторот Скопски саем,  претставува важен настан од меѓународен карактер кој домаќинот ќе го искористи не само за сопствено успешно претставување, туку и за промоција и достојно претставување на Република Македонија пред меѓународната јавност Ве покануваме на

ЦЕФА – Алијанса на саеми од Централна Европа претставува мрежа на организатори на саемски изложби која овозможува воспоставување на интензивни деловни контакти помеѓу нејзините членки, а  со тоа и јакнење на важноста на Централна и Југоисточна Европа за трговските саеми и изложби од меѓународно значење. Скопски саем е член на ЦЕФА од 2002 година.

ЦЕФА брои вкупно 26 членки од кои редовни членки се 23 саемски куќи од следните Австрија, Албанија,Босна и Херцеговина, Бугарија, Германија, Грција, Италија, Македонија, Молдавија, Романија, Србија, Словенија, Словачка, Црна Гора, Унгарија и Чешка.)

Основна цел и мисија на ЦЕФА е во ерата на глобализација да помогне во справувањето со новите предизвици преку решенија кои нудат нови разновидности, отворање нови можности и потенцијали, а со фактот што вклучува земји од Централна и Југоисточна Европа, ЦЕФА прави посебен придонес кон европската интеграција.

Би можело да ве интересира

Николовски: Македонското вино е нашиот најдобар промотор

Груби ги кани невработените да се запознаат со работата на „Бехтел и Енка“, а тие уште не почнале да градат

A1on

Владата три дена одбива да каже колку пари потроши за стоте луѓе кои во Белград дегустираа вина

A1on

И Абазовиќ ќе присуствува на саемот Винска визија Отворен Балкан во Белград

А1он

Меѓународен саем „Органска трпеза” во Куманово

А1он

Виртуелен саем за развивање одржливи навики, мода и зелени бизниси

Ана Ололовска