Во Швајцарија најмалку невработени

Од:

Додека повеќето земји од Европската унија се борат со невработеноста, одделни држави, како Швајцарија, Норвешка и Австрија успеваат бројот на невработени да го сведат на минимум.

Просечната стапка на невработеност во ЕУ во февруари достигна 10,9 отсто, додека во земјите од еврозоната рекордни 12 проценти.

Но швајцарската јавност ја загрижи веста дека бројот на невработени достигнал 150.000 односно стапка од 3,2 отсто.

Швајцарија, која не е членка на ЕУ, успева да се избори со кризата, иако нејзините економисти кои предупредуваат на последиците од реструктуирањето, пред се во банкарскиот сектор, сметаат дека е неуспех предвидениот раст на бруто домашниот производ од 1,3 отсто во 2013, односно 2,1 отсто во 2014 година.

Уште една земја, надвор од ЕУ и еврозоната, Норвешка, речиси и не го познава проблемот на невработеност, која во земјата во јануари изнесуваше 3,6 отсто, пренесува Б-92.

Економистите објаснуваат дека оваа скандинавска земја има три адути на планот на политиката на вработување. Таа не е под притисок на институциите на ЕУ кои бараат намалување на долгот. Земјата е богата со нафта, а парите од продажбата делумно ги вложува во фонди, чии средства се на располагање во период на криза, а не треба да се заборави нитусилната социјална кохезија на Норвежаните, кои не би дозволиле да дојде до масовна невработеност.

Кога во 2009 година криза ја погоди норвешката економија, буџетот на норвешката агенција за вработување значително се зголеми, додека отпуштените работници, брекузаводот за вработување, упатувани се на дополнитено школување, посебно младите. Слична политика применува и Австрија.

За разлика од претходните две, Австрија е членка на Унијата, но невработеноста и е далеку под просекот на ЕУ и изнесува 4,8 проценти, што се должи на социјалниот консензус и економската политика на владата, која комбинира модел на флексибилност меѓу работодавачите од една страна и социјална сигурност на вработените, од друга страна.

МИА

Би можело да ве интересира

Швајцарија организира мировна конференција за Украина на 15 и 16 јуни

Шестмина скијачи исчезнаа на швајцарските Алпи

Катерина Ѓуровски

Во Луцерн: Србин ја убил сопругата која сакала да се разведе од него

Швајцарија изгласа воведување тринаесетта пензија

А1он

Убиен e Иранецот кој држеше заложници во Швајцарија

Горан Наумовски

Србинка во Швајцарија паднала од мост висок 30 метри, уапсени се двајца мажи по потекло од Македонија

Горан Наумовски