Според податоците на Агенцијата за вработување на Република Македонија, во периодот од 1 јануари до 31 октомври оваа година се вработиле 152.964 лица. Од нив 63.461 се вработиле на неопределно време, а 89.503 на определено.
Според податоците објавени на веб-страницата на Министерството за труд и социјална политика, од вкупниот број на вработени претходно во евиденцијат ана АВРМ биле 31.662 лица, додека останатите воопшто не биле во евиденцијата на невработени лица.
Како невработени во моментов се водат 102.100 лица, од кои 44.259 се без образование или со основно. Со непотполно средно се 14.359 лица, со завршено средно образование 29.007, со вишо 1.659, а со завршено високо образование се 11.914 лица.
Во Македонија во моментов има и 868 невработени лица со завршена магистратура и 34 невработени доктори на науки.