Во Охрид трибина посветена на туризмот и креирање најдобри развојни политики

Од:

Во организација на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид денеска се одржа панел-дискусија посветена на начините за унапредување и развој на туризмот како една од најважните стопански дејности во градот.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на РМ од Охрид Хари Шокаровски истакна дека преку преземените владини активности и мерки, забележливи се значајни резултати на полето на туризмот.

– Сведоци сме на зголемувањето на бројот странски туристи во Охрид, реализирано преку субвенционирањето на тур-операторите, како и со низа мерки за поддршка на нискобуџетните авиокомпании, што придонесува на зголемување на протокот на гости во Охрид и Макеоднија, рече тој.

Негова оценка е дека ваквите панел-дускусии се од корист на граѓаните на Охрид, за запознавање на целата јавност за мерките што се носат за помагање на субјектите што оствауваат приход од туризмот.

– Тоа се кредитните линии  со ниски каматни стапки, наменети за помагање на малите и средните туристички бизниси, за хотели и сместувачки капацитети со до 70 легла, како и низа потенцијални финансиски мерки наменети за сите граѓани што планираат да се занимаваат со оваа исклучително важна стопанска дејност, додаде Шокаровски.

Кандидатот за градоначалник на Охрид на ВМРО-ДПМНЕ Никола Бакрачески рече дека интенција на идната локална самоуправа е во нејзиното функцинирање да биде промовирана експерската јавност и тоа во сите области така и во туризмот.

– Наша цел е да промовираме европски вредности во работата на локалната  самоуправа. Во делот на развојот на туризмот тоа ќе се оствари преку подобра комуникација, соработка и координација на сите субјекти вклучени во развојот на туризмот во Охрид. Преку такви активности ќе бидат изнајдени најдобри можни решенија за развојот на туризмот, не само на Охрид туку и пошироко, подобар туристички прозивод.

Бакрачески забележа дека без вклучување на експертска јавност и бизнис-заедницата од областа на туристичките дејности не може да се очекуваат добри резултати при креирањето развојна туристичка стратегија.

–  Мислењата на експертите се мошне важни во процесот на изнаоѓање најдобри можни решенија, и тоа не само во туризмот туку и во сите области од поширок општествен интерес. Она што ни останува нас е преку вакви трилатерални средби да овозможиме креирање најдобри развојни решенија, тоа ќе биде основа на функционирањето на идната локална самоуправа, рече тој.

Би можело да ве интересира

Почина седумесечно бебе во болница во Охрид: Паднало од кревет во домот во Вевчани

Орце Костов

Приведен охриѓанец, го фотографирал гласачкото ливче

Катерина Ѓуровски

Работнички од Непал му избегале на газдата од Охрид, случајот пријавен во полиција

Орце Костов

(ВИДЕО) Пожар во охридската кафеана „Беко“

Горан Наумовски

Ванковска: Сосема нов Устав, затоа што постоечкиот е неупотреблив – дели наместо да сплотува

А1он

Левица од Охрид: Тука Нефи го рушеше АСНОМ додека Пецаков молчи

Орце Костов