Во јануари зголемен бројот на работниците во индустријата

Од:

Бројот на работниците во индустријата во
јануари годинава во однос на јануари лани е зголемен за 0,4 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.

Во секторот „рударство и вадење камен“ бројот на работниците во јануари годинава, во однос на јануари лани има пораст од 1,2 проценти, во „преработувачката индустрија“ пораст од 0,4 проценти, а во секторот „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“ опаѓање од 0,7 проценти.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во јануари годинава, во однос на јануари минатата година, бележи пораст кај „енергија“ за 0,6 проценти, „интермедијарни производи, освен енергија“ за 2,4 проценти, „капитални производи“ за 5,5 проценти и „трајни производи за широка потрошувачка“ за 4,3 проценти, а опаѓање кај „нетрајни производи за широка потрошувачка“ за 2,2 процента.

Би можело да ве интересира

Зголемен бројот на работниците во индустријата

Пад на индустриското производство во јули

Горан Наумовски

Индустриското производство во март зголемено за 1.3 отсто

Горан Наумовски

Индустриското производство во февруари зголемено за еден отсто

Ана Ололовска

Раст од 4,7 проценти на индустриското производство во ноември годинава

Ана Ололовска

Белата куќа ќе мора да реагира на недостигот од чипови за американската индустрија

А1он