Во изминатите шест месеци од грчки банки повлечени 35 милијарди евра

Од:

Во изминатите шест месеци физички лица, фирми и државни компании во Грција повлекле од банките 35 милијарди евра, објави Катимерини.

Најмногу пари повлекле физички лица и фирми, а во изминатите два месеца „водат“ фирми во сопственост на државата.

Во март биле повлечени 3,7 милијарди евра, а во април пет милијарди евра.

Според официјални податоци на Централната банка на Грцција, во моментот во оптек се 41 милијарда евра – зголемување за 10,9 отсто во споредба со ноември 2014 година (30,1 милијарда евра).

Тоа е еден од највисоките во еврозоната – тие пари се околу 25 отсто од БДП на државата додека за останатите таа цифра е 6-8 отсто.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески