Во Дебар за Курбан Бајрам се очекува продажба на 1.500 овни

Од:

Во рамките на подготовките за одбележување на големиот муслимански празник Курбан Бајрам или Аџи Бајрам, дел од верниците од дебарскиот регион, кои тоа можат да си го дозволат, продолжуваат со традицијата на принесување курбан.

Поради тоа, деновиве најбаран на пазарот е добитокот, односно овните, а поретко и телињата.

Бидејќи во Дебар нема сточен пазар, тие и годинава се продаваат на инпровизиран пазар во просторот помеѓу Центарот за култура и Новата саат кула џамија.

– Поради муслиманската традиција за Курбан Бајрам деновиве почнавме со продажба на овни. Цената во споредба со лани е пониска и таа во зависност од тежината, едно грло го продаваме од 80 до 100 евра. Повеќето сточари кои сме тука до денес имаме продадено околу 600 грла. Бидејќи луѓето немаат простор каде да ги чуваат, вообичаено поголема продажба очекуваме денеска и утре. Очекуваме да продадеме околу 1.500 грла овни, вели Дервиш Абазовски, дебарски сточар.

Курбанот, според верниците, се коле првиот ден од празникот, по што месото се распределува на сиромашни семејства. Традицијата на вековен верски соживот и толеранција, како што потврдуваат верниците, се почитува и при распределбата на месото од курбанот. Тоа значи дека муслиманските верници курбан им даваат и на семејства од православната веросиповед.

Празникот Курбан Бајрам е на први септември, петок, и се одбележува четири дена. Овој празник се нарекува уште и Аџи Бајрам, бидејќи на светите места Мека и Медина, во Саудиска Арабија, верници го реализираат петтиот столб на исламот, а тоа е аџилакот.

Од дебарското муфтистство годнава на аџлак се заминати 36 верници.

Би можело да ве интересира

Маж од Дебар им се заканувал на неговата мајка и на неговата малолетна сестра

Горан Наумовски

Општина Дебар бара од ЦУК да помогне во гаснење на два пожара од воздух

Лажеле дека им била ограбена куќата, па заработија кривична пријава

Деветгодишниот Павел Ангеловски вторпат го фати светиот крст во Дебар

А1он

Кривична за родители: Ги запуштиле своите малолетни деца и ги терале да питачат

Дебранец вработен во поштата во Центар Жупа си присвоил над три милиони денари