Визбите со финансиски проблеми и залихи, но гарантираат целосен откуп на грозјето

Од:

Винарските визби имаат проблем со ликвидноста и залихите, но уверуваат дека годинашниот род грозје ќе биде откупен во целост.

Како што истакнаа претставниците на винарските визби по денешната прва средба со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, откупните цени на грозјето ќе ги дефинира пазарот, но сепак се очекува тие да го достигнат ланското ниво.

– Кај поквалитетните сорти можно е да има зголемување на цената, но не и надминување на онаа од минатата година. Иако секоја од винарските визби одлучува за цената, очекуваме да бидат достигнати откупните цени од лани, изјави Никола Деребанов од винарската визба „Стоби“.

– Се очекува дека годинава ќе нема проблеми со откупот, бидејќи за жал приносот т.е количините за откуп се намалени како резултат на измрзнувањето на лозите, додаде Деребанов.

И министерот Николовски рече дека проблеми со откупот на грозјето оваа година не се очекуваат.

Годинашниот род е со подобар квалитет, но приносите се намалени. Родот ќе биде откупен во целост, нагласи Николовски.

Тој информира дека со винарите е договорено креирање модел на континуиран дијалог, а не разговарање непосредно пред сезона.

– Последниве единаесет години власта водела популистичка и несистематска политика во лозарството што довело и до напластување на проблемите. Ќе настојуваме да се реши секоја ситуација што како горлива ќе ја предочат производителите и откупувачите. Сите заеднички ќе придонесеме во креирањето суштински мерки, напомена министерот, потсетувајќи на линеарното зголемување на субвенциите во лозарството.

Винарите сметаат дека за да има успешна винска индустрија, Македонија мора да изготви стратегија која ќе биде од корист за двете страни, и за производителите и за визбите.

– Македонија не е позната винска земја подалеку од Хрватска. Имаме уште многу да работиме на имиџот, потенцира Деребанов.

Би можело да ве интересира

МЗШВ: Собранието го донесе новиот закон за вино, лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје

За првпат ќе се утврдува производствена цена за килограм винско грозје, предлог-законот за вино помина во прво читање на Комисијата за европски прашања

МЗШВ: Владата ги усвои програмите за поддршка на малите производители на храна и малите производители на вино за 2024 година

Ковачевски од Кавадарци: Македонското вино го издигнавме на 13 место во светот, расте и девизниот прилив

Производството на вино во Европа достигна 16,1 милијарди литри

Предраг Петровиќ

Николовски: Македонското вино е нашиот најдобар промотор