Вивиен Рединг: Времето на тројката меѓународни кредитори измина

Од:

Заменик-претседателот на Европската комисија Вивиен Рединг  во интервју за грчкиот весник „Катимерини“ изјави дека „времето на тројката (меѓународни кредитори) е изминато“ и дека „Европа веќе е подготвена да ги решава проблемите на свој сопствен начин“.

– Европските граѓани не и веруваат на тројката (Европската унија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд) и тие се во право, изјави Рединг за грчкото издание.

– Фундаметалните одлуки, како на пример дали да бидат отпуштени десетици илјади државни службеници, не треба да бидат донесувани зад затворени врати, додаде таа, пренесува БТА.

Се очекува Грција да ја добие следната транша од спасувачката помош од ЕУ и ММФ, откако се согласи со барањата на тројката да постави неколку илјади државни службеници во т.н „шема за мобилност“, која на крајот ќе доведе до отпуштање на илјадници вработени, наведува весникот.

Рединг објаснува дека кога Европа беше потресена од кризата, таа мораше да дејствува многу брзо и затоа побарала помош од ММФ поради „искуството и експертизата во справувањето со тешки ситуации, како онаа со која се соочува Грција“.

– Ние сме благодарни за придонесот на ММФ кон различните стабилизациони програми во Европа, но веќе не сме во критична состојба. ЕУ веќе ги има неопходните инструменти за да се справи со сопствените проблеми. Затоа велам: времето на тројката измина, рече таа.

Рединг истакна дека станува збор за „демократската легитимност“ при донесувањето на одлуки, како оние за масовни отпуштања на државни службеници, на пример.

– Тие одлуки треба да се дискутираат во директно избраниот Европски парламент. Европската комисија исто така мора да игра клучна улога , рече комесарот.

– Конечно, помислете од каде доаѓаат парите на ММФ. Земји, како Бразил и Индија плаќаат за тоа. Земји чии граѓани се многу посиромашни од нас, Европејците, сега се принудени да плаќаат за Европа. Тоа е апсурдно, нагласи Рединг.

Таа посочи дека промената на овој формат нема да се случи во следните неколку недели или месеци и додаде дека идната година ќе се одржи дебата за иднината на Европа, кога ќе треба да биде направен избор кога да се заврши со тројката и „да се воведе демократско, европско решение.

– Да објаснам подобро: еврото имаше 10 години, кога кризата започна. На таква возраст имаш потреба од помош. Сега еврото наполни 15 години, кога веќе можеш да се справиш сам. Очекувам дека во времето кога еврото ќе има 18, веќе нема да има потреба да се потпира на ничија помош, изјави европскиот претставник.

Би можело да ве интересира

Средби со Светска банка: Светска банка со поддршка на реформските активности на Народната банка за пристапување кон СЕПА

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

СДСМ: ЕУ е единствен патоказ за подобра македонска иднина

А1он

Европската Комисија ќе обезбеди општи рамковни услови за почеток на преговорите со Украина за пристапување во ЕУ