Викенд без ДДВ, три дена за купување домашни производи, услуги и ИТ-опрема

Од:

Почна Викендот без ДДВ, мерката од четвртиот пакет антикризни мерки. Граѓаните за прометот што ќе го направат во овие три дена од продолжениот викенд за домашни производи и услуги и компјутери и ИТ-опрема ќе добијат целосен поврат на платениот ДДВ.

Секој граѓанин ќе добие поврат на целиот ДДВ за направен вкупен промет во овие три дена до 30.000 денари. За тоа треба да ги земе фискалните сметки, во рок од три дена од издавањето на сметката да ја скенира преку апликацијата Мој ДДВ, а парите ќе му бидат вратени во рок од 15 дена на трансакциска сметка.

Целта на оваа мерка, која претставува и почеток на реализација на четвртиот пакет антикризни мерки вредни 470 милиони евра, е да им се даде можност на граѓаните да извршат целосен поврат на данокот на додадена вредност за прометот реализиран преку фискални сметки кои ќе бидат издадени за периодот 10, 11 и 12 октомври.

Највисокиот износ за кој граѓаните би имале право на враќање на целиот износ на данок изнесува 30.000 денари вкупен промет регистриран во сите фискални сметки кои се издадени во овие денови. За прометот над 30.000 денари ќе важат воспоставените правила за поврат на 20 отсто од платениот ДДВ за домашните производи и услуги и 10 отсто за странските, а повратот ќе се врши по истекот на тримесечјето.

Проценките се дека со оваа мерка кај граѓаните ќе се слеат 17.000 милиони евра, а целта е да се поттикне прометот на домашни производи и услуги, како и заради зголемена дигитализација на нашето општество.

Засега околу 350 000 граѓани можат да ја користат оваа мерка. Тоа е бројката на регистрирани во системот на Управата за јавни приходи за скенирање фискални сметки, но според најавите на министерот за економија Крешник Бектеши, таа бројка очекуваат да се зголеми на 400 000 граѓани.

Ги повика сите граѓани за време на овој викенд да ги почитуваат мерките за заштита од коронавирусот според дефинираните протоколи.

Проекциите на Владата се дека во овој продолжен викенд со мерката ќе се направи вкупен промет од 170 милиони евра, пари кои ќе бидат инјекција за стопанството, а кон граѓаните повратот ќе биде околу 17 милиони евра.

За реализација на оваа мерка вчера беа донесени законски измени од страна на Собранието на Република Северна Македонија, а Управата за јавни приходи искажа подготвеност за нејзино спроведување.

-УЈП ја прилагоди аликацијата Мој ДДВ и подготвено го очекува продолжениот викенд. Сите граѓани кои се корисници на апаликацијата Мој ДДВ за фискалните сметки издадени на 10, 11 и 12 октомври и пријавени преку системот за скенирање за купените македонски производи и услуги и ИТ опрема ќе им се врати во целост пресметаниот ДДВ во фискалните сметки, рече вчера на прес-конференција в.д. директорот на УЈП Фарук Омери.

Потенцира дека во државава има на располагање голем асортиман домашни прозиводи почнувајќи од прехрана, текстил, облека, градежни материјали и друго, што значи има широка лепеза на проиводи и услуги и граѓаните може да ги направат потребните набавки и дека е ставен акцент на ИТ опремата, која независно од потеклото во фисаклните сметки ќе се регистрира како промет на македонски производи.

Апелираше дека за целосна реализација на оваа мерка сите трговци треба да ги означат македонските производи и услуги и компјутерска опрема, односно да ги разделат во фискалната сметки со цел непречено враќање на ДДВ.

Тој повика на примена на пропишаните протоколи од страна на трговците, и посочи дека на терен ќе бидат инспекторатите за да се спречат евентуални малверзации со покачени цени.

Ова е една од 31-та мерка од четвртиот владин пакет кои треба да почнат да се реализираат со донесување на новиот ребаланс на буџетот, веќе усвоен од Владата и треба да ја помине собраниската процедура. Тој треба да опфати над 600 000 граѓани.

За една од нив за кои не треба законски измени веќе е објавен јавен оглас со која на компаниите што се корисници на кредити од првата бескаматна кредитна линија Ковид 1 им се дава можност да поднесат барање за продолжување на грејс-периодот и рокот на отплата за три месеци.

– Ова е прва од мерките од четвртиот пакет економски мерки која почнува да се реализира. Државата е партнер на стопанството и граѓаните, ова зголемување на грејс-периодот за отплата на кредитите од Ковид 1 ќе им даде дополнителна ликвидност на корисниците во овој последен квартал од годината за пребродување на кризата, стои во објава на ФБ на Министерството за финансии.
Бескаматната кредитна линија Ковид 1 на РБРСМ во вредност од 5,5 милиони евра беше наменета за најпогодените дејности на почетокот на ковид-кризата, односно за угостителстката, транспортната и туристичката дејност.

– Од оваа линија беа одобрени 737 кредитни апликации на компании кои вработуваат 6 509 лица. Од нив, 77 отсто беа микро, 21 отсто мали компании, а два отсто средни компании, стои во објавата.

Со четвртиот пакет мерки вниманието на Владата е целосно насочено кон поддршка за работните места, кон невработените лица, социјално ранливите категории како што се пензионерите и граѓаните од други категории, самохрани родители итн.

– Четвртиот пакет мерки е директна помош за економската и социјалната сигурност на нашите сограѓани, како и за поттик на приватната потрошувачка како стимулатор на општествениот раст, рече премиерот Зоран Заев на претставувањето на мерките пред јавноста.

Меѓу мерките се продолжување на субвенционирањето плата во износ од 14.500 до 21.776 денари по вработен за октомври, ноември и декември. Мерката е наменета за сите фирми, трговци поединци, земјоделци, занаетчии и лица што вршат други услуги. Платежни картички со 6.000 денари кои треба да ги добијат над 283 000 граѓани за поттикнување на потрошувачката и домашната економија. Нови 100 милиони евра поволни кредити од Развојната банка на Република Северна Македонија. Неповратна помош за туристички агенции, ресторани за свадби и игроеки, поддршка за туристичкиот, угостителскиот и транспортниот сектор. Потоа мамалување и укинување на парафискалните давачки. Продолжување на лиценците за работа на дискотеките, ноќните клубови како и за компаниите од транспортната заедница. Намалување на ДДВ на услугите и производите на занаетчиите и од 18 на пет отсто. Ќе се активира мерката Државна кредитна гранција со што се ставаат на располагање 10 милиони евра за полесен пристап на компаниите до евтини финансиски средства, потоа државна царинска гаранција. Намалување на казнената камата за јавни давачки за половина од 0,03 на 0,015 отсто до крајот на годината. На компаниите ќе им биде овозможено одложување на плаќање на аконтација на данокот на добивка за оние кои имаат пад на приходите поголем од 40 отсто. Ќе продолжи ослбоодувањето од ДДВ за донации од јавен карактер, за уште 12 месеци.

Четвртиот сет мерки предвидува и намалување на стапката за ДДВ за ресторански услуги и служење храна и пијалаци, со која овие услуги ќе се даночат со нова повластена стапка на ДДВ од 10 отсто наместо сегашната редовна стапка од 18 отсто, која ќе почне да се применува од 1 јануари. Ќе биде овозможено и одложено плаќање на ДДВ на комапаниите седум ден по поднесување на ДДВ пријавата без камата.

Една од мерките на овој пакет е – бришењето на условот за собирање поени од Континуирано професионално усовршување (КПУ) за продолжување на лиценца за сметководители, потоа зголемување на периодот за покривање на загуби на терет на идни добивки. Зголемување на прагот со кој субјектите би биле дел од режимот на неоданочување со данок на добивка и зголемување на прагот со кој субјектите би влегле во режимот на вкупен приход, односно тој ќе биде поставен на 5 милиони денари на годишно ниво, согласно кој може да се стане даночен обврзник во режимот на неоданочување.

Во овој пакет е вклучена и мерката Признавање на трошокот за приватно здравствено осигурување како признаен расход, како и мерката Признавање на расходите за тестирање од КОВИД-19, исто така како признаен расход.

Се предвидува и намалување на увозните давачки за суровини и репроматеријали, се обезбедува поддршка за најпогодените преработувачки индустрии, како и поттик за развој на преработувачките капацитети. Предвидено ослободување од данок на добивка и данок на личен доход за трошоци за вработени кои се однесуваат на доквалификација и тим билдинг.

Поддршка ќе има и за откуп на грозје од реколта 2020 година, за која се предвидени 6.700.000 евра, ќе се поддржат производители на винско грозје кои го предале своето грозје кај регистрирани винарски визби, како и винарски визби за транспортните трошоци при извоз.

За секторот игри на среќа е предвидена мерката – Ослободување во висина на 2/3 од законски пропишаниот износ за приредувачи на игри на среќа. За да се олесни работењето на општините во време на КОВИД-19, предвидена е промена на пресметка на основата за финансирање на единиците на локалната самоуправа, со која при издвојување средства за единиците на локална самоуправа, наместо само за претходната година како досега, предвид ќе биде земена пресметката на просечна наплата на ДДВ за претходните три години.

Од почетокот на кризата во март годинава Владата донесе три пакети антикризни мерки чија вредност изнесуваше 550 милиони евра.

Би можело да ве интересира

Продолжување на рокот за поднесување ДДВ-04 пријави и надградба на ситемот е-ПДД

Мицкоски: Им фалат пари во буџетот, затоа зголемуваат данок на основни производи

Ковачевски: И 10 отсто е повластена стапка, имаме најнизок ДДВ

За власта луксуз е да јадеме риба и овесни снегулки, а мајонезот е поскап оти се грижи за нашето здравје

Орце Костов

Стојаноски: ДДВ е зголемено и за производи со замрзнати цени

МФ: Најниска повластена стапка на ДДВ за основните прехранбени производи, листата се дополнува и со дигиталните учебници

Горан Наумовски