МФ: Најниска повластена стапка на ДДВ за основните прехранбени производи, листата се дополнува и со дигиталните учебници

Од:

Сите основни прехранбени производи, кои граѓаните ги користат во секојдневна употреба се дел од листата на производи коишто ќе се оданочуваат со повлатена стапка на ДДВ од 5%. Листата, која со одлука ја усвои Владата денеска, содржи над 1.600 производи и истата се проширува со производи како што се електронските/дигитални учебници и други производи. На оваа листа на повластена стапка на оданочување остануваат и пелетите за загревање.

Согласно донесената Одлука од страна на Владата граѓаните и натаму ќе ги купуваат производите со понсиска даночна стапка како што се лебот, белиот шеќер, брашното, маслото од сончоглед, млекото и павлаката, месо, јајца, сирење, урда, кашкавал, овошје и зеленчук, тестенини, супи, ајвар, природен мед, сол, ќечап и слично.

Листата е долга и содржи голем број производи кои граѓаните ги користат и се на трпезата во секојдневната исхрана. Станува збор за над 1.600 производи кои имаат најниска повлатена стапка на оданочување.

Владата, денеска, а согласно донесените измени на Законот за данок на ДДВ, усвои и Одлука за примена на повластена стапка на ДДВ од 10%, за производи кои имаат помала потрошувачка и имаат третман на луксузен производи и не претставуваат основни производи во исхраната. На оваа листа се производи како месо од ирваси, лосос, сирење со сина мувла, сирење од типот toffy, јагула, семе од лен, масло од палма и кокосов орев, кавијар, школки, тропско овошје како папаја, манго и авокадо и слично. Вклучувањето на дел од производите коишто ќе се оданочуваат со оваа стапка е со цел да се заштити здравјето на граѓаните. Имено, овие две листи ги содржат скоро сите прехранбени производи кои се користат од страна на граѓаните.

Целта на донeсените одлуки, а со тоа и оданочување на основните производи за човечка исхрана со пониска повластена стапка, додека останатите производи за човечка исхрана со повисока повластена стапка е пред се заштита на стандардот на граѓаните, како и оданочување со праведна даночна стапка на производите кои што не претставуваат основна човечка исхрана. Дополнително целта е заштита на домашното производство на прехранбени добра и поддршка на домашните компании.

Одлуките произлегуваат од донесните измени на Законот за данок на додадена вредност, кој беше дел од даночната реформа, која е со цел воспоставување современ даночен систем, кој ќе почива на принципите на праведност и правичност.

Дополнително во насока на заштита на стандардот на граѓаните Владата донесе и одлуки за намалување на увозните давачки за свежиот зеленчук и ориз, како и свежиот домат, краставици и пиперки и укинување на увозните давачки за аргуми, односно портокал, лимон, грејфрут и мандарина. Со одлуките пониски увозни давачки ќе има кромидот, празот, карфиолот, блокулата, морковот, модриот патлиџан, тиквичките и слично.

Би можело да ве интересира

Поскапува еуросупер БС-95, цените на другите горива не се менуваат

Орце Костов

Дел од маркетите ги зголемиле цените, Пазарен инспекторат ќе проверува дали купувачите се доведени во заблуда

Орце Костов

Продолжување на рокот за поднесување ДДВ-04 пријави и надградба на ситемот е-ПДД

Ќе се намалат цените на храната, а маркетите наместо 40 отсто ќе имаат рабат од 10 отсто

Орце Костов

Ковачевски тврди дека цените се намалени за 10 до 30 отсто, Статистика објави намалување од само еден процент за август

Орце Костов

Мицкоски: Им фалат пари во буџетот, затоа зголемуваат данок на основни производи