Ковачевски тврди дека цените се намалени за 10 до 30 отсто, Статистика објави намалување од само еден процент за август

Од:

Трошоците за живот во септември годинава, во однос на септември лани пораснале за 6,6%, а цените за 4,7%, но премиерот Димитар Ковачевски вели дека мерките кои Владата ги спровела со замрзнување на цените, со ограничување на цените и маржите, како и со субвенционирање на електричната енергија, ја намалиле инфлацијата и сите економски параметри имале надолен тренд.

Тој рече дека и трошоците за живот имале надолен тренд, но според податоците на Државниот завод за статистика кои ги вицепремиерот Фатмир Битиќи ги држеше во рака, а премиерот ги коментираше, трошоците за живот во однос на август годинава се намалиле за 0,1%, а цените на мало
за еден процент.

– Инфлацијата има надолен тренд и трошоците за живот имаат надолен тренд. Доколу ги погледнете движења на инфлацијата, ќе бидите дека последните подартоци од ДЗС покажуваат намалување на сите параметри. Тоа е поради мерките кои ги спроведовме со намалување на цените и со ограничување на енергенсите со субвенционирање на електричната енергија.
Она што можам да го предвидам врз основа на овие мерки, целта која ја поставивме од 5% инфлација мислам дека таа ќе се стигне до крај на годината – истакна Ковачевски.

Според ДЗС цените се намалени за само еден процент, додека премирот тврди дека со новите мерки за „гарантирана цена“ е предизвикано намалување на дел од производите од 10 до 30 проценти.

– Знам дека не е лесно, живееме во време на економска криза, но затоа ги зголемивме минималната плата, пензиите и просечната плата. Пред нас имаме период на ново зголемување на минималната плата. Имаме намалување од 10 до 30% на одредени производи со мерката за гарантирана цена – додаде премиерот.

Би можело да ве интересира

Трошоците на живот во септември на годишно ниво повисоки за 2.6, а цените на мало за 3.3 отсто

Ристески: Законот за нефер трговски практики ќе ги намали цените на производите барем за 10 отсто

Од денес намалување на цените на околу 2.500 производи

СДСМ: Цената на лебот се намали за еден денар, целосно неефикасни мерки на Владата

СДСМ: Ние намаливме цени на 500 производи, Мицкоски замрзна маржа на 73, дебакл на Владата

Горан Наумовски

Дурмиши: Цените не се замрзнуваат, маржата се ограничува до 10 отсто