(ВИДЕО) Велковски: СДСМ ја стабилизираше економијата и обезбеди раст, постигнавме рекоден пад на невработеноста

Од:

„Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија за само 2.5 години ја стабилизираше економијата и обезбеди раст кој овозможи унапредување на животниот стандард на граѓаните.

Преку креативни политики, реални и развојни реформи покажавме дека имаме визија и знаеме како од Република Северна Македонија да направиме развојна и просперитетна држава.

Овозможивме отворање на 60.000 нови работни места и обезбедивме посигурна иднина на 60.000 нововработени граѓани и на нивните семејства“, рече Диме Велковски, пратеник на СДСМ.

„Имаме рекорден пад на невработеноста на 17.1 отсто, а стапката на невработеноста на младите падна на 35,3 проценти.

Ова е најниска стапка на невработеност досега.

Имаме план и знаеме како со успешни и конкретни економски политики да создадеме клима за отворање нови работни места.

Еден од клучните механизми за остварување на таа цел е Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот, кој годинава очекуваме да вклучи 12.000 невработени лица.

За Оперативниот план за вработување во 2020 година се издвоени рекордни 1,45 милијарди денари за инвестиции во претприемништво, поддршка за креирање нови работни места, обуки и доквалификација, особено во информатичката технологија, практиканство, а продолжува и реализацијата на Гаранцијата за млади.

Се покажа дека самовработувањето преку стартување на микро бизниси е одржливо, бидејќи 93% од компаниите формирани со помош на оваа мерка во 2017 година активно работат, како и 99% од компаниите формирани во 2018 година.

Затоа во 2020 година очекуваме отворање на нови 1.364 микро бизниси, за кои се издвоени 447 милиони денари. Во моментов мерката за самовработување е отворена и само за една недела има доставено 1200 апликации.

Оперативните мерки и во 2020 предвидуваат обуки и доквалификации и за дефицитарни занимања, за да им се излезе во пресрет на потребите на пазарот на трудот, со нив е планирано да се опфатат 3.224 лица.

Во Гаранција за млади се вклучија над 18.000 лица, од кои 35% се стекнале со практиканство, обука или биле вработени. Тоа е повисока реализација и од европскиот просек на оваа мерка кој изнесува 33 отсто.

Продолжуваме со реализација на мерките што обезбедуваат нови и добро платени работни места и повисоки плати за работниците. За СДСМ секој граѓанин е важен! На прав пат сме!“, изјави Диме Велковски, пратеник на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Ковачевски: Изборите на 8 мај ќе бидат тешки, СДСМ нема да се откаже од европската иднина на државата

Предраг Петровиќ

Пендаровски: Резултатите не се како што очекувавме, веројатно разликата ќе биде околу 130 илјади гласови

Александар Тодески

(ВИДЕО) Кузеска: Ги очекуваме резултатите, уверени сме дека граѓаните ќе ја поддржат европската иднина

Александар Тодески

Од 714 обработени избирачки места, 44 отсто од гласовите се за Сиљановска, 19 отсто за Пендаровски, покажува статистиката на ВМРО-ДПМНЕ

Ромите за Демократија: Членови на СДСМ им се закануваа на Ромите набљудувачи

Орце Костов

СДСМ: В среда, на 24 април граѓаните со својот глас за Пендаровски избираат европска иднина