По повод денешниот празник “свети Трифун”, заштитникот на лозарите, генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски беше во посета на Тиквешкиот регион, како најпознат по производството на вино.
“Нашата земја стана препознатлива по производството и извозот на вино, а незанемарлив е и девизниот прилив од оваа гранка во нашата држава”-изјави Николовски.
Тој посочи дека лозарството и винарството се едни од гранките во кои изминативе две и пол години се инвестираше многу.
“Започнувајќи од решавањето на наследениот проблем со долгот за неплатено грозје од страна на винарниците Повардарие и Стефани, кој изнесуваше над 1,2 милиони евра, а се исплатија кон 2.048 лозари од овој крај”, рече Николовски.
“Минатата година воведовме нова дополнителна субвенција за килограм предадено грозје во регистрирани винарници во износ од 2 денари за килограм и дополнително проширена.
Конкретно, субвенцијата ќе биде наменета не само за винските сорти вранец и смедеревка, туку и за други актуелни сорти од реколта 2019″, истакна Николовски.