Петрушевски: Дали Љупчо Дон Николовски дозволил пуштање во промет на брашно од над 2 милиони евра без за истото да бидат уредно платени контролните марки

Од:

Владата на СДС и ДУИ преку МЗШВ, конкретно Љупчо Дон Николовски работела со голем број нерегуларности, сомнежи за криминал и надвор од закон. Постои основано сомневање дека во 2021 година е пуштено во промет брашно во вредност од над 2 милиони евра без за истото уредно да биле платени контролните марки во МЗШВ, рече на прес конференција Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Според Извештајот на ДЗР за МЗШВ за 2021 година, изготвен во 2023 година јасно се нотира МЗШВ, со кое раководел Љупчо Дон Николовски не воспоставило евиденција на набавените и издадените контролни марки за ставање во промет на брашното, ниту пак контроли во тој процес.

Постои основан сомнеж дека Љупчо Дон Николовски и владата на СДС и ДУИ дозволиле во промет да циркулира брашно кое имало контролни марки кои не биле уредно платени во МЗШВ.

Имено Ревизорот констатирал дека за 2021 година МЗШВ набавило контролни марки во вкупна вредност од 3 милиона 305 илјади денари, а издало контролни марки во вредност од 2 милиона 242 илјади денари. Разликата во вредност која се јавува, и не е евидентирана во МЗШВ дали се работи за издадени контролни марки без да се наплатат изнесува 1 милион 63 илјади денари, односно тоа се 5 милиони 315 илјади контролни марки.

Дали Љупчо Дон Николовски дозволил пуштање на промет на брашно во вредност од над 2 милион евра без да има уредно наплатени контролни марки?

Кому му дал Љупчо Дон Николовски контролни марки за увоз на брашно без истите да ги платат?

Што презело ЈО по однос на ова прашање и зошто повеќе од година дена се молчи, праша Петрушевски.

Би можело да ве интересира

ИЈЗ: Регистриран прв случај на зика вирусот во земјава, пациентот се заразил на Малдивите

Поранешниот прв човек на ФФМ Илчо Ѓорѓиевски со уште две лица одат во 30-дневен притвор, за пет лица одреден куќен притвор

Европската организација за закони за игри на среќа (EOGL) со предупредување до Собранието: Оданочувате загуби и уништувате легален сектор, државата се соочува со милионски меѓународни арбитражи

Градоначалникот Ќира се прогласи за ненадлежен за криминалот со плажите во Струга

Предраг Петровиќ

Обвинителството бара притвор за осум и мерки за претпазливост за четири лица уапсени во рамките на истражната постапка за проневера на над 180 милиони денари во ФФМ

Предраг Петровиќ

Крстевски од „Сакам да работам“: Заложници сме на различни политички структури кои си поигруваат со нашите судбини