(ВИДЕО) Николоски: Воведувањето царина од 25% за македонски челик, алуминиум и железо во ЕУ е удар врз економијата

Од:

Деновиве пред крајот на оваа лоша и црна година за Македонија стигна можеби најлошата вест за македонската економија. Имено Европската Унија воведува т.н. заштитни мерки за увоз на производи од челик, алуминиум и железо со кои е опфатена и Република Македонија. Со истите се воведуваат квоти за извоз на овие производи во ЕУ кои откако ќе бидат исполнети воведува царина од дури 25%. Ова народски кажано значи воведување на санкции кон Македонија и останатите земји кои не се членки на ЕУ во делот на извоз на челик, алуминиум и железо како и производи од истите. Ова е драматичен удар за македонската економија што на виделина ја исфрла целосната неспособност на Владата на Заев, Димитров, Шекеринска и Анѓушев. Имено оваа четворка не направи ама буквално ништо Македонија да биде изземена од овие мерки на ЕУ, рече Александар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ.

– За информација на граѓаните металуршката индустрија е еден од најголемите извозници и на неа се потпира голем дел од бруто домашниот производ како и економскиот раст. Неколку бројки. Вкупниот извоз кон ЕУ е преку 200 милиони евра годишно и секоја година расте со стапка на раст од 15%. Уделот на овие производи во БДП на Македонија е 1,6% во 2017 година, а очекувано е во 2018 година да биде 1.8% од БДП. При економски удар и стопирање на извозот што е се поизвесен за жал на овие производи, нереализирани ќе останат околу 200 милиони евра во 2019-та година. Тука би сакале да ги коригираме проекциите на Владата кои што велат дека штетата ќе биде околу 100 милиони евра. Штетата ќе биде 200 милиони евра, директна во капацитетите кои произведуваат, како и индиректна во компаниите кои произведуваат како и индиректна во комапниите кои што ги опслужуваат. Се на се во 2019 година може да се очекува колапс на оваа индустрија и околу 5.000 луѓе да останат на улица. Овие 5.000 луѓе ќе бидат или пратени на принуден одмор со намалена плата или целосно ќе ја изгубат својата работа, а фирмите ќе се соочат со проблеми во својата ликвидност, кампањско производство наместо годишно, неспособност да ги враќаат кредитите како и целосно запирање на планираните и идни инвестиции во развој што на среден рок ќе ги направи неконкурентни дури и без постоење на вакви квоти односно санкции. На тоа се додава и проблемот во делот на производство на цевки каде годишниот извоз на Република Македонија е 180.000 тони, а максимално дозволената квота е 110.000 тони, што ќе биде директна загуба од 45 милиони евра во оваа индустрија. Ако на ова се додадат истрагите на ЕУ за продажба по т.н. дампинг цени, тогаш штетата во делот на производството на цевки може да е уште поголема, рече Николоски.

Како што кажа тој, штета од 200 милиони евра е годишна бруто плата за околу 29 илјади работници.

– Ова катастрофа ја покажува целосната неспособност на Владата на Заев, Димитров, Шекеринска и Анѓушев, кои трчајќи кон безусловна промена на името на Македонија и целосен национален срам, не обезбедија ништо за државата! Па нели промената на името беше за подобар економски стандард? Не само што нема да го добиеме туку и го губиме она што во моментов го имаме! А, за тоа колку од ЕУ го почитуваат Заев и неговиот тим покажува најдобро фактот дека ефектот од разговорот помеѓу Заев и Претседателот на ЕК Јункер не е ниту нула туку минус! Најдобра илустрација дека европските лидери не го почитуваат Заев и го гледаат дури и со презир зашто прави нешто што никој од нив не би го направил, а то е сам да се прекрсти, е фактот што македонскиот извоз на овие производи кон ЕУ, за ЕУ е целосно незначаен и нема на ЕУ ништо да и промени. Значи она што за нас е многу значајно во целокупните бројки на ЕУ е целосно незначајно. Што говори ова во бројки, вкупната потрошувачка на ЕУ на овие производи е 16 милиони тони годишно од кои од Македонија купува само 407 илјади тони или 2.5%! Значи ЕУ не е спремна да му помогне на Заев ни за тие 2.5%. Треба да знае Заев, а ние тоа често му го кажуваме дека истите кои го тапкаат по рамо, кога ќе си оди не го почитуваат затоа што го знаат и кој е и што е. Треба да сфати дека почита и рамноправниот третман од ЕУ може да се заслужи само според мерит системот, а не според сервилноста и распродажбата на националните интереси. Потребни се вистински реформи во делот на владеење на правото, економијата, здравството, образованието за да ги ценат. Нешто што за жал е мислена именка за Владата на Заев, тоа нашите партнери од ЕУ го гледаат и затоа Македонија го добива овој третман кој што го добива и покрај националната распродажба што ја прават, рече Николоски.

Тој ја повика владата да преземе неколку итни мерки:

„- Прво, да формира кризен штаб со претставници на Владата и компаниите кои се најзасегнати. Проблемот да се решава на највисоко ниво, а недозволиво е да се решава на ниво на Вице Премиер за евроинтеграции, потребно е целата Влада да се вклучи во решавање на проблемот.
– Второ, да воведе даночни олеснувања за овие компании.
– Трето, да воведе олеснувања во делот на придонесите за здравствено, пензиско и персонален данок за работниците од овие индустрии како не би ги изгубиле своите работни места.
– Четврто, премиерот лично да тргне од главен град до главен град на земјите членки на ЕУ да се среќава со сите што ќе го примат и да моли овие квоти да не важат за Македонија. Во земјата да се врати само кога ќе ја заврши работата. Исто така сите кадровски и стручни потенцијали на ВМРО-ДПМНЕ стојат на располагање и ги нудиме како такви да и помогнеме на владата.
– Петто, да формирање на тело составена од претставници на владата и најзегнатите компании кои што активно и итно ќе почнат да бараат нови пазари за овие производи како загубата би била што помала“ рече Николоски.

Би можело да ве интересира

Николоски: Во следните две недели ќе продолжиме да работиме уште поинтензивно за уште поголема победа

ВМРО-ДПМНЕ: Народот избра промени, Македонија повторно ќе биде горда и твоја

Горан Наумовски

Мицкоски: Мислеа дека си имаат работа со мали деца, победуваме со повеќе од 170.000 гласови разлика

Орце Костов

Се слави пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ

Од 714 обработени избирачки места, 44 отсто од гласовите се за Сиљановска, 19 отсто за Пендаровски, покажува статистиката на ВМРО-ДПМНЕ

(ВИДЕО) Муцунски од ВМРО-ДПМНЕ: Забележани се случаи на семејно гласање и притисоци во Сарај

Орце Костов