(ВИДЕО) Андреевски: Гасификацијата на државава остана само лажно ветување на ВМРО-ДПМНЕ, денес таа станува реалност

Од:

„Во пресрет на изборите на 12 април тема на денешната прес- конференција на Kомисијата за енергетика ќе биде контрастот меѓу две политики, две визии во секторот. Од една страна на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и од друга страна под китата на ВМРО ДПМНЕ во изминатиот период.

Факт број 1 за кој што денес ќе се потсетиме е во 11 годишното владеење на ВМРО- ДПМНЕ, носечкиот проект во гасниот сектор беше поврзувањето со “јужниот поток” и склучување на договори со Руската федерација и ГАСПРОМ.

Се потпишуваа меморандуми и договори, се организираа безброј патувања до Москва и назад, но реализација на тој проект никогаш не се случи“, рече Митко Андреевски, претседател на Комисија за енергетика на СДСМ.

„Имено, факт број 2 од другата страна на изборната програма на СДСМ од 2014 и 2016 година, јасно посочивме дека на републиката и треба нов гасен коридор со еден од соседите, во случајот Интаконектор со Република Грција. Денес можам да ве информирам дека тој проект е поддржан и од САД и од ЕУ, добиени се парични средства во вид на гранд, а проектирањето е во завршна фаза. Се очекува во текот на оваа година да започне делот на изградба и во 2021 да ги почувствуваме придобивките од тој интаконектор.

Како што за 2,5 години ги реализиравме ветувањата дадени кон граѓаните, преку мерки и политики како што е враќањето на ефтината тарифа, решавањето на проблемот на исклучените од топлификациониот систем, намалување на ДДВ-то за парно греење од 18 на 5%, либерализација на пазарната електрична енергија и природен гас, носењето на нов закон за енергетика со сите негови европски придобивки и квалитети, изградбата на многу повеќе фотоволтаици, отворањето на можноста граѓаните да инвестираат во сопствени мини фотоволтаични централи итн.

Така ветуваме дека природниот гас со овој интерконектор, ќе стане достапен и ќе ја направи републиката транзитна земја на природен гас. Затоа граѓаните на 12 април ќе направат разлика помеѓу една политика и една визија наспроти времето на Груевски и ВМРО- ДПМНЕ.

Да не дозволиме повторно режим“, изјави Митко Андреевски, претседател на Комисија за енергетика на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Ја слушнавме пораката од граѓаните и ја прифаќаме, ќе продолжиме да се бориме

Ковачевски: Изборите на 8 мај ќе бидат тешки, СДСМ нема да се откаже од европската иднина на државата

Предраг Петровиќ

Пендаровски: Резултатите не се како што очекувавме, веројатно разликата ќе биде околу 130 илјади гласови

Александар Тодески

(ВИДЕО) Кузеска: Ги очекуваме резултатите, уверени сме дека граѓаните ќе ја поддржат европската иднина

Александар Тодески

Од 714 обработени избирачки места, 44 отсто од гласовите се за Сиљановска, 19 отсто за Пендаровски, покажува статистиката на ВМРО-ДПМНЕ

Ромите за Демократија: Членови на СДСМ им се закануваа на Ромите набљудувачи

Орце Костов