Венецуела на прагот на хиперинфлација

Од:

Потрошувачките цени во Венецуела минатиот месец се зголемени за рекордни 6,2 отсто во споредба со април, што значи дека на оваа латиноамериканска земја и се заканува хипер инфлација, пренесува лондонски „Фајненшал тајмс“, повикувајќи се на официјални извори во Каракас.

Стапката на инфлација во Венецуела во првите пет месеци од годинава се зголемила за 19,4 отсто, што е незначително помалку отколку во целата измината година, кога е забележан пораст на потрошувачките цени од 20,1 процент.

Аналитичарите на американската банка Голдман Сакс наведуваат дека стапката на инфлација во оваа земја на крајот на минатиот месец се зголемила на годишно ниво за високи 35,2 отсто.

Како што се истакнува во анализата на Голдман Сакс, доколку некоја земја има поголем раст на потрошувачките цени од 40 отсто на годишно Ниво, тогаш може да се смета дека се наоѓа во зона на хипер инфлација.

Би можело да ве интересира

Во Венецуела се уапсени 32 лица осомничени дека планирале атентат врз претседателот

Избегната војна во Јужна Америка

Бразил испраќа војска на границата со Венецуела, расте стравот од нова војна

Катерина Ѓуровски

Судството на Венецуела нареди апсење на новото раководство на паралелниот парламент

Ана Ололовска

Венецуелската опозиција го разреши привремениот претседател

Најмалку 43 загинати во свлечиштето во Венецуела, повеќе од 50 исчезнати

Горан Наумовски