Укината забраната за продажба на алкохол по 19 односно 21 часот

Од:

Укината е забраната за продажба на алкохол во трговијата по 19, односно 21 часот, воведена во 2008-ма година, откако Собранието ги усвои измените на Законот за трговија, кои ќе стапат на сила осум дена по објавување во Службен весник на РМ.

Со најновите законски измени, што пратениците ги усвоија на вчерашната собраниска седницам, се дозволува и продажба на алкохолни пијалаци во киосците, но останува забраната за продажба во продавниците во состав на бензинските станици.

Останува и забраната за продажба на алкохол на лица помлади од 18 години. За да можат да продаваат алкохолни пијалаци, трговските објекти и понатаму треба да поседуваат соодветни лиценци. Овие имени во Законот за трговија ги бараше Стопанската комора на Македонија.

Измените во Законот за трговија влегуваат во сила осум дена по нивното објавување во Службен весник.

Би можело да ве интересира

Група деца се затруле со чист алкохол во Белградски клуб: Последиците може да бидат страшни

А1он

Намален прометот во трговијата на мало со храна, пијалаци и тутун

64-годишен возел велосипед со 4,61 промили алкохол во крвта

Петнаесетгодишно девојче од Русија на забавата испила силен алкохол, следниот ден починала

Вкупната трговска размена лани 20.424.810 илјади евра, трговскиот дефицит 3.825.646 илјади евра

Нови 40 компании се приклучија на балансната група на „РЕС“