УЈП со нов систем до подобра наплата на приходите

Од:

Управата за јавни приходи ќе воспостави нов Информатички систем, кој ќе придонесе за раст на приходите во првата година за еден до три проценти, а за 10 години и до 100 илјади евра. Подготвителната студија за имплементација на системот е завршена и се очекува системот да биде ставен во функција за две до три години.

– Со имплементација на системот само во првата година се очекува раст на приходите од еден до три проценти, имајќи ги предвид искуствата на другите земји кои имаат направено ваков чекор. Како системот станува прифатен од страна на даночната администрација, така и од даночните обрзници, се појавува тренд на зголемување на даночните приходите секоја година што говори само дека ваков чекор во Република Македонија е час поскоро потребен, изјави директорот на Управата за јавни приходите Горан Трајковски на завршната презентација на проектот „Изработка на студија за ИТ системот на УЈП“.

Според него, ваквите студија е добар патоказ каде во моменотв се наоѓа УЈП и кои се следните чекори што треба да се преземат за да се добие производ кој е посакуван, а со цел Управата за јавни приходи да биде брза и ефикасна во наплатата на даноците.

Тој истакна дека Управата за јавни приходи работи на база воспоставена во 1996 година и во текот на годините наназад е надоградуван, но сега е потребен нов интегриран ИТ систем кој ќе биде во полза на даночните обврзници кои ќе добиваат брза, квалитетна и точна информација од Управата.

И лидерот на експертската група Анѓа Коншо смета дека на Управата за јавни приходи и треба современ систем како во европските земји.

– Системот што го користи УЈП е далеку од модерните европски системи. Македонија треба да ги следи најдобрите искуства во ЕУ и да воведе во својот систем професионални стандарди како во ЕУ, изјави Коншо. Посочи дека неговата имплементација ќе донесе 100 милиони евра за 10 години.

Новиот систем што ќе го користи Управата за јавни приходи, според Благица Митровска од ИТ секторот во Управата, ќе значи подобрување на бизнис климата, навремено добивање информации и ќе овозможи бенефит за даночните обврзници, вработените и сите корисници на системот на УЈП.

Би можело да ве интересира

УЈП ја објави новата листа на должници: 1801 фирма и 3606 граѓани должат 160 милиони евра

Орце Костов

Продолжување на рокот за поднесување ДДВ-04 пријави и надградба на ситемот е-ПДД

ВМРО-ДПМНЕ: Лукаревска место да поднесе кривична пријава до фирмите за криминал тежок над 22 милиони евра, таа ги става на листа на должници

Реакција на УЈП на прес-конференцијата на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ

Демант од УЈП за тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ: Нема извршен поврат на ДДВ, даночните обврзници имаат даночен долг

Спречена измама со поврат на ДДВ од над 160 милиони денари на нафтени компании

Орце Костов