УЈП отвори дополнителни шалтери за поднесување Годишна даночна пријава

Од:

Управата за јавни приходи од денеска отвори дополнителни шалтери на кои ќе може да се поднесат годишните даночни пријави.

Шалтерите, како што соопшти УЈП, се лоцирани на приземјето на Дирекцијата за големи даночни обврзници во зградата на ССМ.

– На овој начин граѓаните од Скопје, но и сите оние кои се од друг град, а кои привремено работат или живеат во Скопје, можат даночната пријава да ја поднесат на три локации, вклучувајќи ја Регионална дирекција Скопје и Даночниот шалтер Чаир. Исто така, пријавите може да се поднесуваат и преку Мобилните даночни шалтери на УЈП, се наведува во соопштението на УЈП.

Заклучно со 27 февруари поднесени се вкупно 140.052 годишни даночни пријави од кои 139.441 се примени на шалтерите, а 601 се доставени по електронски пат.

Крајниот рок за поднесување на Годишната даночна пријава е 15-ти март. За сите дополнителни информации и помош при пополнувањето на Годишната даночна пријава, граѓаните можат да се обратат во Инфо центарот 0800 33 000 или да побараат помош од даночните агенти во даночните канцеларии. Повеќе информации за локациите на даночните канцеларии може да се најдат на http://www.ujp.gov.mk/mk.kontakt.

Би можело да ве интересира

УЈП ја објави новата листа на должници: 1801 фирма и 3606 граѓани должат 160 милиони евра

Орце Костов

Продолжување на рокот за поднесување ДДВ-04 пријави и надградба на ситемот е-ПДД

ВМРО-ДПМНЕ: Лукаревска место да поднесе кривична пријава до фирмите за криминал тежок над 22 милиони евра, таа ги става на листа на должници

Реакција на УЈП на прес-конференцијата на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ

Демант од УЈП за тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ: Нема извршен поврат на ДДВ, даночните обврзници имаат даночен долг

Спречена измама со поврат на ДДВ од над 160 милиони денари на нафтени компании

Орце Костов