УЈП го продолжи рокот до 25 март за поднесување на неколку даночни биланси

Од:

Управата за јавни приходи денеска соопшти дека до 25 март е продолжен рокот за поднесување на даночните биланси за одданочување на добивка, за вкупен приход, за приходи и расходи, за непрофитни организации, како и Годишниот даночен биланс за утврдување на данокот на доход од вршење на самостојна дејност.

– Согласно препораките на Владата на Република Северна Македонија за преземање мерки и активности за превенција од ширење на COVID-19 (корона вирус), како и барањата на сметководителите за пролонгирање на рокот за поднесување на пријавите и одлуката на Централниот регистар за продолжување на рокот за поднесување годишна сметка, Управата за јавни приходи информира дека рокот за поднесување на обрасците “ДБ”, “ДБ-ВП”, “ДБ-НП/ВП”, “ДЛД-ДБ” и “Б, се продолжува заклучно со 25 март 2021 година (четврток). Овој рок се однесува и на другите обрасци за кои што рокот за поднесување е заклучно со рокот за поднесување на годишна сметка односно даночниот биланс, велат од УЈП.

До 25 март се продолжува и рокот за поднесување на исправки на образецот ДДВ-04 за даночните периоди од 2020.

Би можело да ве интересира

УЈП ја објави новата листа на должници: 1801 фирма и 3606 граѓани должат 160 милиони евра

Орце Костов

Продолжување на рокот за поднесување ДДВ-04 пријави и надградба на ситемот е-ПДД

ВМРО-ДПМНЕ: Лукаревска место да поднесе кривична пријава до фирмите за криминал тежок над 22 милиони евра, таа ги става на листа на должници

Реакција на УЈП на прес-конференцијата на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ

Демант од УЈП за тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ: Нема извршен поврат на ДДВ, даночните обврзници имаат даночен долг

Спречена измама со поврат на ДДВ од над 160 милиони денари на нафтени компании

Орце Костов