Твитер го тужи Елон Маск

Од:

Твитер поднесе тужба против технолошкиот милијардер Илон Маск во обид да го принуди да го заврши преземањето на компанијата, објави претседателот на одборот Брет Тејлор.

Твитер поднесе тужба во Делавер барајќи од судот да нареди преземање според условите договорени со Маск во мај, се вели во тужбата на 60 страници што ја објавија американските медиуми.

Маск во петокот објави дека се повлекува од договорот за купување на Твитер вреден 44 милијарди долари, повикувајќи се на неосновани тврдења дека има многу повеќе лажни сметки на Твитер од 5 отсто како што компанијата тврди.

Адвокатите на Маск тврдеа дека Твитер не ги исполнил своите обврски според условите од договорот да му ги достави на Маск потребните податоци за да ги потврди бројките.

Твитер го отфрли тврдењето, нарекувајќи го повлекувањето на Маск „невалидно и погрешно“.

Би можело да ве интересира

X ќе му плати 10 милиони долари на Трамп за суспендирање на неговата сметка на оваа социјална мрежа

Од Слупчане не кажаа, 3000 денари за цело село или 3000 денари по куќа ќе плаќаат? – Реакции на социјалните мрежи

A1on

Твитер за црвените елеци на СДСМ: „На толкави плати, шетаат во елеци како од Црвен крст“

A1on

Додик испрати порака на англиски до Евреите и набрзо стана тема на шега на Твитер

А1он

Твитер суспендираше сметки на неколку политичари во Србија, ги прекршиле правилата на социјалната мрежа

А1он

Маск: Имам лошо чувство за економијата, треба да паузира вработувањето во светот

Катерина Ѓуровски