Тутунарите без пари во новата сезона

Од:

Тутунопроизводителите без пари ја почнаа новата сезона. Субвенциите ги нема, а некои од нив што го имаат предадено тутунот во Струмица табак, сеуште си ги немаат земено парите.

„Почнавме со расадување на тутунот ама на вересија. Лани ова време субвенциите беа исплатени и тие многу помогнаа за почеток на сезоната. Затоа му предложивме на министерството да се смени начинот на исплата на тутунот да биде до 30 април, наместо до 30 јуни, но не се прифати. Исто така и откупните цени, особено на втората и третата класа се многу ниски, особено третата калса која е 125 денари, а најчесто тутунот ни го ценат во втора и трета класа“, вели Моника Талевска од независниот земјоделски синдикат за А1.

Земјоделците и со апел до министерството поради непочитувањето на законот за тутун според кој откупувачот треба да авансира 15% од договорот.

„И во давањето на репроматеријалите имаме нерамноправност, односно се даваат на луѓе блиски на партиите на власт. Дополнителен проблем годинава беше и обезбедувањето на имотен лист за кој земјоделците мораа да платат по 50 евра, а многу од нив и не извадија па се доведува во прашање годинешното производство на тутун“, рече Талевска.

Производството на тутун кај нас до лани бележеше зголемување на производството, благодарение на субвенцијата од едно евро за килограм достигна и до 26.000 тони. Но пред две години, поради лошиот откуп, ниските откупни цени и временските неприлики, ланската реколта беше за 30% помала од 2010 година.

„Ова покажа дека субевенцијата сама по себе не е гаранција за зголемување на производството туку потребно е и добро менџирање од страна на министерството и поголема контрола при откупот затоа што нас монополите не крадат преку симнување на класата, а нема каде да се пожалиме, велат од Независниот синдикат на земјоделците.

Тутунопроизводството е наша извозно ориентирана гранка во која се вклучени 30.000 семејства од која годишно во државата влегуваат 100 милиони евра.

Анета Василева

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Нови субвенции за тутунопроизводителите по 6.000 денари за секој хектар тутун

Бектеши: За уште 35 денари се зголемува откупната цена на тутунот, носиме одлуки во интерес на тутунарите

Откупувачите ги потпишаа анексите со зголемена цена на тутунот, откупот веднаш се интензивираше

Државни субвенции во Србија: 5000 евра за електично возило, 20.000 евра за нов стан

Во Прилеп се очекува да се интензивира откупот на тутунот

Субвенции за клими: За југозападна Македонија ваучери од 25.000 денари, за останатите 2000 помалку

Орце Костов