Откупувачите ги потпишаа анексите со зголемена цена на тутунот, откупот веднаш се интензивираше

Од:

До Сојузот на земјоделските здруженија стигнаа потпишаните анекси на договорите на откупните фирми во земјава со кои потврдија дека ја зголемија цената на тутунот на 365 денари. Сојузот ова го постави како услов до денеска да стигнат потпишаните анекси на компаниите, во спротивно нема да го дадат тутунот таму каде што нема да се потпише и да се официјализира. Се чека потпишан анекс уште од „Сокотаб“.

-Стигнаа потпишаните анекси на договорите со зголемената цена на тутунот на 365 денари. Тоа веднаш го интензивираше откупот на тутунот. Само вчера, по најавата се преземени дури 1000 тони тутун. Очекуваме откупот да се забрза и конечно да заврши голготата на тутунарите кои во текот на откупната кампања постојано очекуваа зголемување на цените, ни рече Менде Стомнароски, претседател на Сојузот на земјоделските здруженија.

Договорот за повисока цена беше постигнат на вчерашниот состанок на откупувачите со Министерот за земјоделство Љупчо Николоски и со Сојузот на земјоделските здруженија и Државниот земјоделски инспекторат. Состанокот се одржа во прилепскиот тутунски комбинат.

Николовски закажа нов состанок со откупувачите на 18 и 19 февруари во просториите на министерството за земјоделство за измени во Законот за тутун кои се неопходни за унапредување на тутунопроизводството како стратешка земјоделска гранка.

Откупот на тутунот од ланската реколта официјално ќе заврши на крајот на февруари. Реколтата која се цени на 13 000 до 15 000 тони тутун е преполовена во споредба со минатите години. Се очекува, со зголемената цена, да се достигне просечна цена оде 365 денари.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Нови субвенции за тутунопроизводителите по 6.000 денари за секој хектар тутун

Бектеши: За уште 35 денари се зголемува откупната цена на тутунот, носиме одлуки во интерес на тутунарите

Во Прилеп се очекува да се интензивира откупот на тутунот

Николовски: Очекувам цена до 400 денари за тутун од прва класа и минимум за 20 отсто повисоки откупни цени за годинава

Стомнароски: Откупот на тутунот нема да почне без зголемени цени

Родот на тутунот намален за 30 до 40 отсто