Николовски: Очекувам цена до 400 денари за тутун од прва класа и минимум за 20 отсто повисоки откупни цени за годинава

Од:

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски очекува за минимум 20-тина отсто да се зголемат откупните цени за тутунот и да достигнат до 400 денари за откуп на килограм тутун од прва класа и најавува нови мерки за тутунопроизводителите.

-Тутунот е една од стратешките македонски култури со извоз од над 120 милиони евра и е најзначајна култура дури и пред виното. Токму затоа водиме голема грижа во поглед на поддршката на тутунопроизводителите. Го променивме моделот на проценување, повеќе се цени првата класа со што годишно добиваат пет милиони повеќе заради новиот модел. Подготвуваме нови мерки кои ќе ги соопштиме со носењето на годишните програми, рече Николовски во одговор на новинарско прашање при денешната посета на канцеларијата на Источниот плански регион во Штип.

Нагласи дека веќе имале средби со откупните компании и додаде дека очекуваат за минимум 20 проценти да биде зголемена откупната цена на тутунот за годинава. Некои од откупните компании, како што кажа, веќе и го најавиле тоа.

-Ние традиционално сме партнер и на производителите и на откупувачите на тутун. Едните без другите не можат. Овие денови ќе имаме активни средби. Претседателот на Сојузот на тутунарите доби насока од нас на барање од откупните компании да ги посети откупните компании и да направи разговори со нив и да почне откупот, рече Николовски.

Посочи дека веќе е подготвен теренот за тоа и се направени сите проверки од Државниот инспекторат за земјоделство, но има и потврда од сите откупни компании дека се подготвени за почетокот на откупот и имаат обезбедено средства за тоа.

Тутунарите од Прилеп, пак, бараат цената за откуп на килограм тутун од прва класа да изнесува 600 денари.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Нови субвенции за тутунопроизводителите по 6.000 денари за секој хектар тутун

Над 2.500 земјоделски и прехранбени производи се очекува да поевтинат со новиот закон за нефер трговски практики

Орце Костов

Бектеши: За уште 35 денари се зголемува откупната цена на тутунот, носиме одлуки во интерес на тутунарите

Работниците со ниски приходи ќе добијат 3.555 ваучери за туризам од 300 евра

Орце Костов

Откупувачите ги потпишаа анексите со зголемена цена на тутунот, откупот веднаш се интензивираше

Во Прилеп се очекува да се интензивира откупот на тутунот