Турски министер тврди дека неговата земја до септември ќе има едноцифрена инфлација

Од:

Турција до месец септември ќе забележи едноцифрена стапка на инфлација, благодарение на структурните мерки на властите, изјави денеска турскиот министер за трезор и финансии Берат Албајрак, јави агенцијата Анадолија.

– Очекувањата за висока инфлација влијаат врз производството, потрошувачката, меѓународната конкуренција и каматните стапки, истакна Берат Албајрак во своето обраќање на настан во североисточната турска област Трабзон.

– Поради оваа причина, еден од приоритетите на нашата програма е трајно намалување на инфлацијата и достигнување едноцифрена стапка на инфлација, додаде тој.

Според државната статистика, годишната инфлација во Турција од над 25 отсто во октомври минатата година, падна на 20,35 отсто во јануари и 19,67 отсто во февруари, потсетува Анадолија.

Албајрак нагласи дека стапката ќе биде под планираната цел уште во новата економска програма на Турција објавена во септември минатата година.

Според програмата, целната стапка на инфлација во земјата за оваа година изнесува 15,9 отсто, 9,8 отсто за следната година и шест отсто за 2021 година.

– Турција ќе влезе во позитивен процес преку нови реформи, потенцираше турскиот министер.

Би можело да ве интересира

„Владата дава 100 евра по жител за растеретување на инфлацијата“: Се шири нов линк за измама на граѓаните

Орце Костов

Се поскапо станува одењето по ресторани и кафеани

Инфлацијата во април зголемена за 0,7 проценти во однос на март

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени