Турција и Молдавија потпишаа спогодба за слободна трговија

Од:

Министрите за економија на Турција и Молдавија, Нихат Зејбекчи и Адријан Канду во Кишињев потпишаа спогодба за слободна трговија.

Откако спогодбата ќе биде одобрена од парламентите на двете змеји, ќе бидат укинати царините за увоз на повеќето стоки во билатералните трговски односи. Не е предвидено укинување на царините за турски обувки, мебел и производи од пластика.

На церемонијата на потпишувањето на документит Канду изјави дека договорот со Турција отвора нови можности за молдависките производители, што ќе и овозможи на земјата да привлече дополнителни инвестиции.

Зајбекчи посочи дека со потпишувањето на спогодбата ќе се овозможи билатералната трговска размена да достигне една милијарда долари.

Турција е меѓу десетте најголеми трговски партнери Молдавија. Трговската размена меѓу двете земји лани изнесуваше 500 милиони долари.

Би можело да ве интересира

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски