Љубаништа стравува дека државата ќе им го земе земјиштето за казината на Индиецот

Од:

Жителите на охридската туристичка населба Љубаништа за А1 велат дека се вознемирени што ќе се случи со земјиштето со кое што располагаат по најавите дека индискиот милијардер Субрата Рој ќе гради ексклузивен туристички комплекс.

Се плашат дека нема да бидат прашани и дека по пат за експропријација земјиштето ќе им биде земено. Велат дека никој од надлежните државни институции до сега не се одзвал на нивните барања за средба и покрај тоа што велат дека имаат право како граѓани на Македонија да знаат на кој начин и дали воопшто ќе бидат обесштетени.

Субрата Рој
Субрата Рој

„Не го обвинуваме инвеститорот, туку државата е таа која треба да ни каже што и како. Ако гледаме формално правно, државата е таа која земјоделското земјиште го претвора во градежно земјиште. Инвеститорот не го интересира ништо, сите имотно правни процедури ги решава државата, тој ќе дојде овде кога државата ќе му рече еве ти земјиште. Ние се плашиме дека нема да добиеме ниту еден денар за тоа земјиште кое ќе биде земено со експропријација. До овој момент нема никаква покана за средба, сите поединечно се интересираме, прашуваме“, вели жител на Љубаништа за А1.

Жителите за А1 велат оти се надеваат дека деновиве ќе имаат барем блиц средба со министерот за финансии, Зоран Ставревски, а зошто да не и со Субрата Рој. Најавуваат дека се во тек активности за формирање координативно тело кое ќе работи на комуникација со владата и со надлежните министерства и институции преки кои ќе оди реализацијата на инвестицијата.

„Треба да се седне на маса, и да се утврди барем некоја приближна цена до реалната. Кога го објавија законот за туристички развојни зони, објавија дека се работи за земјиште од јавен интерес. Но за каков јавен интерес станува збор ако се градат казина, хотели? Објекти од јавен интерес се училишта, болници, патишта. Населението е вознемирено затоа што не знаеме кој потег ќе го зафаќа проектот и дали ќе го зафаќа целото приватно земјиште и по која цена ќе го земат тоа земјиште“, вели жител на Љубаништа.

Мики Трајковски

Би можело да ве интересира

Приведен охриѓанец, го фотографирал гласачкото ливче

Катерина Ѓуровски

Работнички од Непал му избегале на газдата од Охрид, случајот пријавен во полиција

Орце Костов

(ВИДЕО) Пожар во охридската кафеана „Беко“

Горан Наумовски

Ванковска: Сосема нов Устав, затоа што постоечкиот е неупотреблив – дели наместо да сплотува

А1он

Левица од Охрид: Тука Нефи го рушеше АСНОМ додека Пецаков молчи

Орце Костов

Костадиновска-Стојчевска: Ги исполнуваме препораките на УНЕСКО и заеднички овозможуваме трајна заштита на Охридскиот регион