Тргнати ознаките од рестораните McDonalds, вработените ќе останат згрижени

Од:

Сите ознаки на брендот McDonalds денеска се симнати од рестораните во Македонија. Носителот на франшизата, компанијата „СЈ“ најави дека сите вработени ќе останат згрижени, а проблемот со раскинувањето на договорот очекува да биде надминат за три до четири месеци.

– Се обидуваме низ институциите на системот да ги разрешиме проблемите. Разрешувајќи ги проблемите, не би сакал вработените да страдаат заради одлуката на некој поединец.

Верувам дека за кратко време ова ќе се разреши и ќе се продолжи со работа, изјави мнозинскиот акционер на компанијата „СЈ“ и сопственик на франшизата, Светозар Јаневски.

Нагласи дека договорот е еднострано прекинат, а причините, според него, се ирелевантни.

– Ние се уште имаме договор и тој трае 20 години. Бараме почитување на законите и правата. Се обидуваме во системот тоа да го докажеме, рече Јаневски.

Седумте ресторани McDonalds беа затворени на 14. мај по прекинувањето на 15-годишниот договор за франшиза.

Компанијата „СЈ“ ја има франшизата на McDonalds од 1997 година кога беше отворен првиот ресторан. Со отворањето на рестораните се обезбеди вработување на повеќе од 200 лица.

Од компанијата набрзо по затворањето информираше дека McDonalds франшизата во Македонија, инвестирала шест милиони евра во воспоставувањето на брендот и развојот на бизнисот, со цел задоволување на потребите на потрошувачите.

Би можело да ве интересира

Пропадна бизнисот на Мекдоналдс со вештачко месо: Никој не сака лажни хамбургери

А1он

„Мекдоналдс“ повторно ги отвара рестораните во Украина

Руската верзија на Мекдоналдс остана без помфрит

Катерина Ѓуровски

„Вкусно и точка“ e рускиот пандан за „Мекдоналдс“

Катерина Ѓуровски

Мекдоналдс ги продава рестораните во Русија поради војната во Украина

Мекдоналдс привремено затвора 850 ресторани во Русија

А1он