ТЕЦ Неготино во ремонт, нема да работи седумдесетина дена

Од:

ТЕЦ „Неготино” не работи од ноќеска на полноќ затоа што влегуваме во седумдесетдневни предвидени планирани ремонтни активности, изјави генералниот директор Небојша Стојановиќ.

Тој рече дека ремонтните активности ќе траат наредните 70 – 75 дена.

– Вкупниот конзум на потрошувачка на електрична енергија во Република Северна Македонија во целост ќе се надоместува од енергетските капацитети РЕК „Битола”, РЕК „Осломеј” и обновливите извори на енергија, коишто се расположливи од АД ЕСМ, појасни директорот Стојановиќ.

Стојановиќ нагласи дека ќе нема никаков проблем со електрична енергија.

– Без застој, работевме во полн капацитет од почеток на декември месец, досега. Четири месеци без ниеден испад, без ниеден застој. Со тоа, срушивме рекорд од кога е направена електраната. Многу битно е исто така, од 2021 година, кога почна енергетската криза, досега, ТЕЦ „Неготино” во период од година и половина и повеќе, нема влезено во редовни ремонтни активности, додаде Стојановиќ.

Би можело да ве интересира

ТЕЦ Неготино се спојува со ЕСМ за поисплатливо производство: Власта тврди дека нема да ги продаде

A1on

ЕСМ нема да се продава додека ДУИ е на власт, вели Бектеши за спојувањето на ТЕЦ Неготино и АД Електрани

A1on

МЕПСО платил 8,6 милиони евра за активирање на ТЕЦ Неготино, но никој не ја вклучил за време на кризата

A1on

ЕСМ: Вклучен вториот котел во ТЕЦ Неготино, електраната произведува со полн капацитет

Прв ремонт на генераторот во ТЕЦ Неготино од 1978

Ана Ололовска

ТЕЦ Неготино утре ќе почне со активности за ставање на електраната во функција на производство