ЕСМ: Вклучен вториот котел во ТЕЦ Неготино, електраната произведува со полн капацитет

Од:

Вклучен е и вториот котел во ТЕЦ Неготино и термоелектраната во моментот работи со полн капацитет. Вториот котел е синхронизиран на мрежа пред 42 часа, по сите протоколи на вклучување, односно по првично стабилизирање на системот со работа со еден котел информираат од ЕСМ.

-Согласно планот за производство, ТЕЦ Неготино треба непрекинато да работи со два котли до крајот на април. Покрај ТЕЦ Неготино, АД ЕСМ произведува преку два блока во РЕК Битола, РЕК Осломеј, гасната електрана Енергетика, хидроелектраните и ветерниот парк. Се прават подготовки за стартување и на Блок 3 по пристигнувањето на носечката единица од трансформаторот. АД ЕСМ целосно од сопствено производство ги задоволува потребите за електрична енергија на домаќинствата и малите потрошувачи, како и значаен дел од количините за дополнителни снабдувања по одлуки на Владата. Помал дел од количините за дополнителни снабдувања преку ЕСМ Продажба се набавуваат, а се однесуваат на последните мерки за снабдувања на училишта, јавни претпријатија и дел од стопанството се наведува во соопштението од ЕСМ.

Би можело да ве интересира

ТЕЦ Неготино се спојува со ЕСМ за поисплатливо производство: Власта тврди дека нема да ги продаде

Орце Костов

ЕСМ нема да се продава додека ДУИ е на власт, вели Бектеши за спојувањето на ТЕЦ Неготино и АД Електрани

Орце Костов

МЕПСО платил 8,6 милиони евра за активирање на ТЕЦ Неготино, но никој не ја вклучил за време на кризата

Орце Костов

ТЕЦ Неготино во ремонт, нема да работи седумдесетина дена

Прв ремонт на генераторот во ТЕЦ Неготино од 1978

Ана Ололовска

ТЕЦ Неготино утре ќе почне со активности за ставање на електраната во функција на производство