ТЕЦ Неготино утре ќе почне со активности за ставање на електраната во функција на производство

Од:

Вечерва завршуваат сервисните и ремонтните активности на генераторот и на другата опрема во ТЕЦ Неготино, и утре во 7.30ч почнуваат активностите за ставање на електраната во функција на производство информира ЕСМ.

– Во договорот со економскиот оператор кој ги изведуваше работите беше наведен 15 декември како датум за завршување на зафатите. Но, со засилен интензитет на работа на економскиот оператор, и зголемен ангажман на вработените рокот е скратен за 10 дена. Во услови на енергетска криза тоа ќе значи економски и енергетски бенефит. Во сервисните и ремонтните активности беа вклучени економскиот оператор Монтинг Инженеринг, вработените во ТЕЦ Неготино, АД ЕСМ, РЕК Битола и консултанти од производителот од Украина. Генераторот е произведен во 1975г и во ТЕЦ Неготино е ставен во употреба во 1978г. Ова е прво отворање и големо ремонтирање на генераторот се наведува во соопштението од ЕСМ.

Би можело да ве интересира

ТЕЦ Неготино се спојува со ЕСМ за поисплатливо производство: Власта тврди дека нема да ги продаде

Орце Костов

ЕСМ нема да се продава додека ДУИ е на власт, вели Бектеши за спојувањето на ТЕЦ Неготино и АД Електрани

Орце Костов

Реакција на ЕСМ за обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ

ЕСМ: Греењето во Скопје е исто за сите потрошувачи

ВМРО-ДПМНЕ: Тендер во четири очи во АД ЕСМ, во износ од 1.8 милиони евра

А1он

Почна грејната сезона во Скопје

Катерина Ѓуровски