МЕПСО платил 8,6 милиони евра за активирање на ТЕЦ Неготино, но никој не ја вклучил за време на кризата

Од:

АД МЕПСО Скопје во периодот од 2019 до 2021 година имал склучено договор со АД ТЕЦ Неготино за обезбедување на електрична енергија во случај на загрозување на сигурноста во снабдувањето, хаварии или поголеми отстапувања на потрошувачката на електрична енергија од предвидените количини во електро-енергетскиот систем, но не бил почитуван од страна на ЕСМ.

-Предвидено е АД ТЕЦ Неготино да ја чува расположливата моќност на термоцентралата само за потребите на АД МЕПСО, Скопје, за кој период се исплатени вкупно 531.998 илјади денари со вклучен ДДВ или 8,6 милиони евра, од кои 219.778 илјади денари се исплатени во 2021 година. Иако финансиски била потпомогната термоцентралата ТЕЦ Неготино, при појавата на енергетската криза во октомври 2021 година, не е извршено нејзино активирање за производство на електрична енергија, се вели во извештајот на Државниот завод за ревизија.

Операторот на преносниот систем, АД МЕПСО Скопје од заемот од 37 милиони евра од ЕБОР од 2015 година наменет за интерконенцијата Македонија-Албанија- Фаза 1 повлекол само 2,9 милиони евра, а за 2021 година за камати платил 5,2 милиони евра, утврди ревизијата на АД МЕПСО за 2021 година.

„За инвестиции МЕПСО користел кредити и заеми од меѓународни институции како ЕБОР. Најголем дел од долгорочните заеми се реализирани (повлечени) со над 90 отсто, освен заемот од ЕБОР од 2015 година, кој е наменет за реализација на проектот за Интерконекција Македонија-Албанија – Фаза 1. Овој заем е одобрен на вкупен износ од 37 милиони евра, а заклучно со 31 декември 2021 година повлечени се 2,9 милиони евра, односно само 8 отсто.

Со извршената ревизија констатиравме дека во 2021 година по основ на отплата на камати за повлечените долгорочни заеми евидентирани се расходи во износ од 32.404 илјади денари или 5,2 милиони евра, а за неповлечените кредитни средства пресметани и евидентирани се провизии во вкупен износ од 12.835 илјади денари или 208.000 евра, се посочува во ревизијата.

Би можело да ве интересира

ТЕЦ Неготино се спојува со ЕСМ за поисплатливо производство: Власта тврди дека нема да ги продаде

Орце Костов

ЕСМ нема да се продава додека ДУИ е на власт, вели Бектеши за спојувањето на ТЕЦ Неготино и АД Електрани

Орце Костов

Повторно активна веб страницата на МЕПСО по кибер нападот

Бочварски: Со домашна и меѓународна поддршка се работи на надминување на проблемот со сајбер нападот во АД МЕПСО

МЕПСО: Се соочуваме со кибер напад, не се загрозени мрежата и снабдувањето со струја

Горан Наумовски

МЕПСО и Регулаторна потпишаа меморандум за спојување на пазарите на струја со Косово, Албанија и Грција

Орце Костов