Светски економски форум: Швајцарија најконкурентна економија во светот

Од:

Најконкурентна економија во светот годинава е таа на Швајцарија, следена од Сингапур, САД, Финска и Германија, покажува годишниот извештај за глобалната конкурентност на Светскиот економски форум.

Успехот на швајцарската економија се должи на нејзината ефикасност, иновациите и макроекономската стабилност.

Швајцарија сепак се соочува со тешкотии за наоѓање квалификувани работници. Во првата десетка на најконкурентни држави се Јапонија, Хонгконг, Холандија, Велика Британија и Шведска.

Во регионот Македонија се наоѓа на 63. позиција, зад Бугарија која е на 54. место, а пред Црна Гора на 67. позиција, Словенија на 70. место, Хрватска на 77 позиција, Грција на 81 место, Србија на 94. позиција и Албанија на 97. место.

Во извештајот нема податоци за Босна и Херцеговина и Косово. На последно место годинава е економијата на Гвинеја.

Оценката во извештајот е формирана врз основа на рангирање на институциите, инфраструктурата, здравството и образованието, големината на пазарот и макроекономската средина.

Би можело да ве интересира

Швајцарија организира мировна конференција за Украина на 15 и 16 јуни

Шестмина скијачи исчезнаа на швајцарските Алпи

Катерина Ѓуровски

Во Луцерн: Србин ја убил сопругата која сакала да се разведе од него

Швајцарија изгласа воведување тринаесетта пензија

А1он

Убиен e Иранецот кој држеше заложници во Швајцарија

Горан Наумовски

Србинка во Швајцарија паднала од мост висок 30 метри, уапсени се двајца мажи по потекло од Македонија

Горан Наумовски