Светски берзи: Доларот зајакна, цената на нафтата благо падна

Од:

На повеќето Азиски берзи цените на акциите утринава пораснаа бидејќи инвеститорите се надеваат на нови стимулативни мерки во кинеската економија, додека вредноста на доларот благо порасна во однос на кошницата валути.

Индексот MSCI на азиско-пацифичките акции, без Јапонија, порасна за 0,5 отсто околу 7 часот наутро, враќајќи дел од загубите од претходните денови.

Утрово на токиската берза индексот Никеи падна за 0,1 отсто, а за исто толку паднаа и цените на акциите во Шангај. Во Јужна Кореја, Австралија и Хонг Конг тие се зголемија меѓу 0,4 и 2,5 отсто.

Силниот раст на цените на акциите во Хонг Конг е благодарение на надежта на инвеститорите за нови стимулативни мерки, со оглед на бавниот раст на кинеската економија, но и на корекцијата на цените по остриот пад во претходните денови. На другите берзи во регионот тргувањето се одвива внимателно, бидејќи нема многу причини за купување поризични инвестиции.

По силниот раст од претходните денови, утрово јапонскиот Никеи индекс благо се лизна од највисоките нивоа во последните 34 години.

А на валутните пазари благо порасна вредноста на доларот во однос на кошничката на валути.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 103,30 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 103,19 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 148,05 на 148,35 јени.

Сепак, цената на американската валута стагнира во однос на европската, па курсот на еврото се движи околу 1,0905 долари, исто како вчера во ова време.

Цените на нафтата, пак, благо паднаа, по вчерашниот силен раст. Цената на барелот на лондонскиот пазар утрово се лизна за 0,21 отсто, на 79,95 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот се намали за 0,19 отсто, на 74,60 долари.

Би можело да ве интересира

Цените на нафтата пораснаа, доларот нагло падна

Доларот на највисоко ниво во последните пет месеци, раст на цената на нафтата

Катерина Ѓуровски

Цените на нафтата на највисоко ниво во последните пет месеци

Скок на цената на нафтата, се намали вредноста на златото

Катерина Ѓуровски

Доларот зајакна во однос на еврото

Падна вредноста на доларот