Субвенции и за казината: Ќе плаќаат само една третина од износот за лиценца оти работат со една третина од капацитетот

Од:

Во четвртиот сет мерки Владата предвиде субвенции за приредувачите на игри на среќа за месеците октомври, ноември и декември. Тие ќе бидат ослободени од надоместоците што ги плаќаат кон државата во износ од две третини.

„За секторот игри на среќа е предвидена мерка ослободување во висина на две третини од законски пропишаниот износ за приредувачите на игри на среќа. Со оваа мерка приредувачите на игри на среќа, казината, ќе плаќаат една третина од надоместоците за автомат рулети и маси, односно фиксните маси, и сите други фиксни маси. Државата им даде наредба да работат со една третина вкупен број на гости, согласно тоа и лиценцата ќе се плати една третина“, објасни премиерот Зоран Заев.

Ослободувањето од дел од давачките на коцкарниците е 29 – та мерка од четвртиот сет мерки кои Владата ги усвои за помош на граѓаните и на стопанството.

Казината добија дозвола да продолжат со работа во јуни, а беа затворени на средината на март кога се затворија и границите. Комисијата за заразни болести усвои посебни протоколи кои дозволуваат да има еден човек на пет квадратни метри со задолжително носење маска и одржување дистанца.

Би можело да ве интересира

Владата го утврди текстот на Предлогот на закон за финансиска поддршка на социјално ранливи категории на граѓани

Антикризни мерки: Учениците ќе добиваат од 1.200 до 1.800 денари месечно, по 3.000 денари за пензионерите со ниски пензии

A1on

Демократското движење се залага за целосно укинување на казината во земјава

АСОМ до пратениците: Ќе се соочите со гневот на 10.000 вработени, отфрлете го Законот за игри на среќа

А1он

Во време на пандемија Групацијата Новоматик Македонија и Апекс Македонија го зголемија бројот на вработени за 21,7%

Ана Ололовска

АСОМ: Владата не го исполни ветеното, бараме итно воведување онлајн игри на среќа

Ана Ололовска