Стурнарас демантира дека има притисок од меѓународните кредитори за нови мерки за фискална консолидација

Од:

Грчкиот министер за финансии Јанис Стурнарас денеска демантираше дека Грција се наоѓа под притисок од страна на меѓународните кредитори за прифаќање дополнителни мерки за фискална консолидација.

Тој денеска оствари средба со премиерот Андонис Самарас, кој утре треба да замине во Брисел на нов круг преговори со претседателите на Европскиот совет, Херман ван Ромпуј, на Еврокомисијата Жозе Мануел Барозо и на Европскиот парламент Мартин Шулц, во врска со грчкиот спасувачки план.

Се очекува за време на разговорите Самарас да им нагласи на европските претставници дека грчката Влада не може повеќе да преземе строги мерки за штедење.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески