Студија: Швајцарците најбогати во светот

Од:

Глобалното богатство на домаќинствата во 2013 година е зголемено на годишно ниво за 8,3 отсто достигнувајќи вредност од 263.000 милијарди долари.

Швајцарците со просечно богатство од 581.000 долари и раст од 10,5 отсто на годишно ниво остануваат светски лидери во тој поглед, наведува во студија Глобал Велт 2014 изработена за потребите на Креди Суис.

Иако глобалните економски околности и понатаму се тешки, вкупното богатство на домаќинствата во светот регистрирало раст лани и тоа е двојно повеќе отколку во 2000 година.

Годишниот раст на богатството на домаќинствата на глобално ниво во просек од 2000 година растело по 11,4 отсто, а најголемо зголемување е регистрирано во севрна Америка – 91.000 милијарди долари.

Богатството на европските домаќинства е зголемено за 10,6 отсто на 85.200 милијарди долари.

Бројот на ултрабогаташи во светот со нето богатство поголемо од 50 милиони долари зголемен е на 128,200, а најголем број ултра богати живеат во САД – 62.000.

Според таа студија, бројот на милионери глобално ќе се зголеми до 2019 година за 53 отсто на 53 милиони. Очекувањата се дека во следните пет години богатството на домаќинствата во светот ќе порасне за 40 отсто на 368.000 милијарди долари.

Би можело да ве интересира

Швајцарија организира мировна конференција за Украина на 15 и 16 јуни

Најбогатиот човек на светот има имот од 233 милијарди долари

Шестмина скијачи исчезнаа на швајцарските Алпи

Катерина Ѓуровски

Во Луцерн: Србин ја убил сопругата која сакала да се разведе од него

Швајцарија изгласа воведување тринаесетта пензија

А1он

Убиен e Иранецот кој држеше заложници во Швајцарија

Горан Наумовски