Струга ќе ги привлекува туристите со посебна стратегија за туризам

Од:

Туризмот на струшкото крајбрежје ќе се развива преку посебна стратегија што ја изработија здружението „Ауреола“ од Струга и невладини организации од Република Албанија, во рамките на ИПА-3 компонентата за прекугранична соработка.

Според Арбеша Влаши од здружението „Ауреола“ која работеше на подготовка на овој документ, акцентот ќе биде ставен врз привлекување туристи и зголемување на нивниот број, не само за време на официјалната летна сезона, туку и во текот на останатите месеци од годината.

– Една од целите на оваа стратегија е како Струга да биде туристичка дестинација и надвор од езерскиот туризам што го има само во јули и август. Како причини за слабата посетеност на градот по завршувањето на летната сезона во стратегија ги наведовме непостоењето инфо-центри и атрактивни аранжмани надвор од туристичката сезона, објаснува Влаши.

Според официјалните податоци на Државниот завод за статистика, најголемиот дел од гостите кои ја посетуваат Струга доаѓаат од соседните балканските земји, поради што, промотивни материјали ќе се нудат во повеќе земји, како и на аеродромите во Охрид, Скопје, Приштина и Тирана.

Фокусот на промоцијата ќе биде ставен врз културното богатство во овој регион.

– Туризмот ќе се промовира и преку природните ресурси, но примарното место ќе го има културното наследство, Исто така, стратегијата содржи и методолошки начини како успешно да биде спроведена и да даде поголем поттик во развојот на економијата во Струшкиот регион, додава Влаши.

Стратегијата за развој на туризмот е со среднорочно траење од пет години, а беше усвоена и од страна на Советот на општината.

Би можело да ве интересира

Мијалков излегува порано од затвор, Апелација го врати предметот „Империја“ на повторно судење

Орце Костов

Опожарена трска на струшкото крајбрежје

Мерко молчи по двете поднесени обвиненија, во обвинителствата против него има уште 14 активни предмети

Александар Тодески

Кривичен го препрати предметот против Мерко во струшкиот суд: Не биле надлежни тие, туку судот во чие подрачје се извршило делото

Во Струга пронајдена почината жена

Автомобил излета од „Партизанска“ во Струга, тешко повреден е возачот

Горан Наумовски